На социјалните мрежи кружи видео од 81-годишен Американец како вози возило со автопилот за првпат, а неговата реакција стана вирален хит.
Кенет Џери објави видео на својот профил на TikTok кое собра 33,5 милиони прегледи и 3,4 милиони лајкови.
Имено, Кенет мислел дека чека такси, но се шокирал кога со пријател влегол во автономно возило и открил дека нема возач, а неговата реакција станала хит на социјалните мрежи.
„Каде… каде е возачот? праша збунето, гледајќи кон возачкото седиште, а потоа рече: “О, не. Дали веруваш во ова?”
Кога автомобилот тргнал и воланот почнал да се врти, двајцата пријатели не можеле да се вразумат.
“О, Боже мој. Не можам да верувам во ова”, извика тој, а потоа праша: “Како дојде до нас?” Кога патничката му кажала дека „го повикала колата“, на неговото изненадување немало крај.
„Кому се јавивте? Нема возач“, праша збунето, а потоа тој и неговиот пријател рекоа дека се исплашени.
„Значи, ваквите автомобили се продаваат? Полицајците ќе го видат ова“, пелтечеше тој, додавајќи: „Никогаш нема да го заборавам ова“.
На крајот, тој и неговиот пријател заклучиле дека автомобилот е „возач од прва класа“, а 81-годишникот забележал дека сè уште „не му верува“.
@patriotickenny Riding in a self-driving car was an experience of a lifetime! Part 2 coming because it was too long! @officialwaymo #waymo #arizona #seniorcheck #selfdrivingcar #autonomouscar #blizzard #navyvet