Naslovna Makedonija Кекеновски: ЗОШТО МОЛЧИ ВЛАДАТА?

Кекеновски: ЗОШТО МОЛЧИ ВЛАДАТА?

Статус на Јове Кекеновски: „Големи м2 деловен и станбен простор сопственост на македонски фирми во бившите југословенски држави се уште не е вратен во сопственост на нашите фирми.

Тоа е благодарение на раководствата на фирмите меѓутоа и на неажурност и незаинтересираноста на речиси сите додегашни влади и друго надлежни институции.

Последен таков пример е со деловен простор на Тутунскиот комбинат од Прилеп во Белград кој според пазарна вредност е некаде околу 1,5 милиони евра. Сериозна адвокатска куќа од Белград која се занимава со оваа проблематика ме замоли да ги поврзам со раководството на комбинатот за да ја искористат шансата да си го вратат имотот за кој во комбинатот и не знаеле дека е нивен.

Според информациите добиени од адвокатската куќа српската судско-административна-бизнис мафија сериозно се намерачила да си го присвои овој простор.

За воља на вистината раководството на ТК Прилеп реагираше совесно и експресно оствари контакт со првиот човек на адвокатсаката куќа при што ги доби сите потребни информации и упатства како најбрзо да си го вратат деловниот простор во сопственост.

Меѓутоа за да се реализира целата оваа работа (бидејќи повеќе од 80% од капиталот на комбинатот е во државна сопственост) потребно е Владата не само да биде информирана туку и да даде согласност за да отпочне целата оваа работа или пак да си ги ангажира надлежните државни институции да си ја отпочнат постапка за враќање на имотот.

Раководството на ТК Прилеп го стори тоа. Но, од Владата молк!. Поминаа повеќе од шест месеци а Владата на РМ досега по ова прашање не превземала ништо (информациите се од официјално лице).

Онака како што стојат работите поради оваа неажурност и лакрдија на власта по се изгледа дека имотот набрзо ќе премине во сопственост на нечии приватни раце на лице од Србија.

Сите вработени во адвокатската куќа се чудат како е можно нешто што вреди волку пари, некој да ти нуди да си го вратиш во сопственост, а ти да не покажуваш интерес!?!.

Се работи за државен (народен) имот. И јас лично се прашувам зошто и до кога со ваквото неодговорно однесување?.“