Naslovna Zivot Ужива во еден од најлуксузните ресорти на море- еве каде одмара Ване...

Ужива во еден од најлуксузните ресорти на море- еве каде одмара Ване Маркоски

Водителот Ване Маркоски во една прилика обзнани кој му помогнал и му подал рака кога му било најтешко. Тоа е неговата колешка Вики Ристоска, која го работи проектот „Приказна“, во кој се разработуваат социјални теми:

„Колку е само денес реткост да најдеш пријател кој ќе ти подаде рака кога ти е потребно. Од нигде-никаде. Чест ми е што те познавам, сега и што соработуваме, што имам можност да учам како треба од голем човек и голем професионалец.

Да си ми жива и здрава Вики Ристоска. Среќен роденден ти посакувам и само убавини, затоа што заслужуваш многу!“, напиша тој.

Популарниот водител сега работи во Македонската радио телевизија е еден од најинтересните ликови на социјалните мрежи кај нас.

Во едно неодамнешно интервју се потсети на своите почетоци и тоа како влегол во новинарството, па за јавноста откри како изгледало сето тоа.

Искрено, тоа беше многу одамна, пред некаде 15-тина години. Колку што добро ме држи сеќавањето, ќе пробам да се навратам на приказната, малку ќе биде подолга, но е интересна.

Почеток на декември 2002 година и како што листав по TB каналите дома, налетав на еден оглас за водители во локалната телевизија „Кисс“ од Тетово, бидејќи по потекло сум од таму и таму живеат моите родители се уште.

На тој оглас се бараа млади кретивци за нови емисии. Веднаш се пријавив и по некој ден заминав на аудиција. Носев некои светли фармерки и небесно син дуксер, а надвор растопен снег, вода на секој чекор…

Тргнав пешки, бидејќи немав пари за такси и како што веќе се приближував до просториите на телевизијата, наиде еден камион и ме направи целиот со кал.

Но, влегов таму, ми дадоа да прочитам некои најави, прв пат застанав пред камера во мојот живот и помина се брзо.

Не ми се јавија и јас веќе тоа го заборавив се до самиот ден 31 декември, кога заминав да ја скратам косата и во салонот каде бев случајно улета екипа од самата телевизија која нешто снимаше за новата година.

Новинарката ме препозна и ми кажа дека не можеле да ме најдат затоа што не сум оставил број, затоа што сакав брзо да киднам од таму, најверојатно.

Ми соопшти дека сум избран за да бидам дел од нивниот тим. И така од сосем случајна средба, тој ден, мене ми се промени животот.

Можеби да не се случеше тоа, денеска ќе работев нешто друго. Веќе следниот месец од новата година почнаа емисии, проекти и.т.н“.

– Играв со останатите деца само игри каде бев водител, а тие гости. Дома цртав некои радио миксети, микрофони, си правев камери. Мајка ми ми раскажува дека уште додека сум бил бебе, најомилено нешто ми било да гледам во радиото дома со саати. Интересно“, рече Ване за Хаштаг и додаде:

Бев многу темпераментен. Многу ги нервирав родителите, затоа што уште од тогаш сакав да бидам независен од нив, како и секој тинејџер, а тешко ми одеше тоа. Мислев дека се можам сам.

Многу се дружевме. Имаше нормално и неубави моменти, но од сегашна перспектива, имав навистина убави „тинејџ“ денови со убави и среќни луѓе околу мене“

Ване во една пеилика беше во Битола и од таму порача: Да живееш убаво? Биди на места кои сакаш, со луѓе кои ги сакаш. Толку.

Потоа, тој се присети и на едно негово патување во Италија, кога пиел утринско еспресо во Тревизо и напиша:

Едно од послатките еспреса што ги имам испиено во животот… и, не толку поради кафето, колку што амбиентов е створен за утринско кафе.

Ване Маркоски се огласи од еден од најлуксузните комплекси на море и напиша:

Дај ми кафе, дај ми утро и не те чепкам … и не ме чепкај. А се чекираше од Сани бич, луксузниот комплекс во Грција и покажа во каква убавина си ужива.