Naslovna Zivot Синот на Мијалкови, Александар по долго време се појави во јавноста, во...

Синот на Мијалкови, Александар по долго време се појави во јавноста, во друштво на оваа важна личност (ФОТО)

Во една прилика, примабалерината Александра Мијалкова рече дека и покрај обврските, таа и сопругот, Сашо Мијалков секој ден наоѓаат време само за нив.

„Пиеме кафе заедно, разговараме за нештата коишто не опкружуваат, и се дружиме со децата заедно. Секогаш мора да се најде време за убав разговор“.

Александра за својот сопруг зборуваше и во едно интервју во „Бекстејџ“.

„Ме освои со неговиот шарм и харизма што ја има, тоа беше многу одамна, излегувавме заедно, се дружевме со моите колешки балерини, одевме по дискотеки како сите млади“, се присети Мијалкова.

За нејзе момент кој нема никогаш да го заборави од сопругот, а тогаш момче е на нејзината прва претстава.

 

– Бев млада, имав 18 години и за првпат тогаш добив главна улога, во претставата „Гилгамеш“ ја играв девојката.

Интересно е што на крајот, кога се поклонувавме а Сашо беше во Прага бидејќи таму студираше, добив еден голем букет и телеграма која беше од него и тоа беше прекрасно чувство- раскажа примабалерината Александра.

Мијалкова беше гостинка во Тв Сител, на гости на емисијата „Магазин“, и зборуваше за нејзиното секојдневие во пандемијата и воопшто за животот..

– Ние долги години сме заедно, и нашата поддршка взаемна била. За да бидеш успешен, терба да имаш поддршка и од сопругот и од децата.

На него сепак му било полесно со балетската уметност, отколку на мене со неговата работа, и со притисоците што се случуваат.

Мене ми било потешко, бидејќи спецификата е таква. Уметноста е почиста, поубава.“

– Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков, не ѝ е познат на поголемиот дел од јавноста.

 

Единствени податоци за него и фотографии се објавени на неговиот приватен фејсбук-профил, објави Фокус во една прилика за синот на Мијалков, Јордан.

Но, според информациите со кои располага Фокус, тој студира на еден од престижните универзитети во Монте Карло во Монако, кое се смета за едно од најбогатите места во Европа, познато по гламурот и луксузот.

 

 

Младиот Мијалков завршил на Факултетот за менаџмент (бизнис-администрација), а претходно средно образование завршил во приватната гимназија „Нова“.

Во една прилика, во медиумите се појавија фотографии од роденденска журка во Милано, на која присуствувал и синот на Мијалков.

Мијалкови имаат уште еден син, Алекссандар, а неговиот Фејсбук профил пишува дека живее во Монако, и има завршено на истиот Универзитет како и брат му.

Според сликите и тој мнногу си личи со својот брат, тоест со татко му, а е приврзан со својата мајка затроа што има објавено нивна заедничка слика.

Како што повеќе медиуми претходно пишуваа Слободанка Тренчева која е познат градски лик и организатор на забави е пријателка, доста блиска со семејството Мијалкови.

Токму таа има објавено слика од Александар Мијалков како опуштено се возат во кола, а таа има заштитна маска, а за Александар и за неговиот брат таа е важна личност како близок пријател.