Naslovna Zivot Се налути Мишко Иванов и ги обвини ексј Ју колегите дека го...

Се налути Мишко Иванов и ги обвини ексј Ју колегите дека го копираат: Не користете ефтин трик!

Новинарот Мишко Иванов на својот Фејсбук профил во една прилика објави емотивни зборови, за својот роден град Штип, и објавил неколку фотографии од него со сопругата и со семејството.

– О доме мој, кај си доме мој, со детските сни… Многу емоции се мешаат кога ќе дојдеш во родниот град. Носталгијата е убава работа, ама сепак денес во Штип поводот е друг.

Среќен роденден Мелани Иванова. Многу радости и среќа, во новото поглавје од животот. Полнолетството носи слобода, но и обврски.

Ти сигурно ќе направиш успешен баланс, помеѓу овие две работи. Среќно“; раскажав новинрот за посетата- враќањето во родниот град поради роденден на неговата внука.

Иванов е долги години познат новинар од повеќе медиуми, а во моментов рабпти во ТВ 24, и сега е актулен по емисијата Патот до успехот.

Многу домашни и регионални доајени беа дел од неговите приказни. Од тенорот Благој Нацовски кој за прв пат ги отвори вратите на Миланската скала на една Тв куќа…

преку фудбалската легенда Горан Пандев, до последното интервју на Милена Дравиќ, Мишко Иванов има со што да се гордее во „Патот до успехот“, објави Женски магазин во една прилика.

Иванов раскажал за снимањето со мајката на упкоениот Дражен Петровиќ, која му била емотивно најтешката задача во сите емисии.

Раскажал и заа повеќечасовната дружба и специјалитетите кои екипата и тој ги дегустирале со Милена Дравиќ, но и емисијата со Винсенте Дел Боске, поранешниот тренер на „Реал Мадрид“.

Зборувал и за неговиот роден Штип и омилените штипски ритуали, и неговата најголема мотивација, сопругата Татјана Стојановска- Иванова, професор на Институтот по социологија на Филозофскиот факултет.

– Успешни приказни. Емисии кои успејаа да го најдат своето место на македонското медиумско небо.

„Патот до успехот“, покажа дека македонската публика е желна за успешни приказни, за можноста повозрасните да се потсетат на некогашни убави времиња, а помладите да дознаат каков е патот на успешните личности.

Тој никогаш не е послан со рози, бара многу одрекувања3, рекол познатиот новинар, а потоа додал:

Дефинитвно дека спомените од детството играат огромна улога. Емисијата практично ни овозможи и лично да се запознаеме и јас и тимот со личностите кои беа и се наши идоли.

Луѓе кои се идоли на многу генерации. Истовремено, емисијата нуди одлична можност на гледачите да им го доловиме и претставиме вистинскиот систем на вредности, кои за жал сега е урнисан по сите нивоа.

Сепак, во изборот на гости, често ги слушаме и желбите и сугестиите од гледачите, секако јас ги имам во вид и сугестиите од мојата сопруга.

Иванов напиша еден статус во кој е доста отворен и еве за што станува збор: „Патот до успехот е емисија која во македонскиор етер преку ТВ 24 е веќе 11 години.

Изминатава, нешто повеќе од една деценија се снимение повеќе од 300 значајни личности кои одбележале значајна епоха од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Косово, БиХ, Италија, Шпанија, Грција…

и не застануваме тука, продолжуваме понатаму. Овој ТВ проект „Патот до успехот“ е наградуван неколкупати, како најдобар ТВ прокет.

Е сега што е поентата на писанието. Тоа е дека во изминатиот период локално и регионално (мислам на екс Ју ТВ канали) некако сите почнаа да нудат ТВ проекти, веб проекти или да пишуваат книги со речиси истиот наслов или со мали модификации, дури безобразно и да го користат истиот концепт.

Конкуренцијата е здрава работа, ние не измислуваме топла вода, но вие кои користите фрази од типот: Патот КОН успехот, по скалилата на успехот, патот на овој или оној, како се стигнува до успехот, неуспехот на прваците, барем потрудете се да оставите ваш печат.

Не сакам да верувам(Е) дека правите свесна збунка кај вашите коминтенти, но сепак ќе мора да го испитаме тоа.

Успехот на вистинската „Патот до успехот“ е оригиналоста, понатаму авторскиот, снимателскиот, монтажерскиот и продукцискиот печат.

Дополнително, „Патот до успехот“ е еден од ретките македонски, домашни проекти производство на ТВ 24, со кој телевизијата може да се пофали како домашен производ кој делува регионално, а чиј автор и водител сум јас – Мишко Иванов.

И да од сите општествено одговорни компании досега единстевно Алкалоид (со нив сме скоро 10 години), препозна вистински ТВ проект и заедно чекориме по Патот до успехот.

П.С Бидете инвентивни. Не користите ефтини трик“, напиша Иванов на Фејсбук.