Naslovna Zivot Миа ја отвори душата за синот Андрија: Кога го родив, мислев дека...

Миа ја отвори душата за синот Андрија: Кога го родив, мислев дека нема да имаме слики од патувања

– Верувале или не, не ми недостига воопшто“, рече Миа Костова во една прилика за себеси, во контекст на прашањето дали и недостасува телевизијата.

– Се пронајдов себеси на мојот личен медиумски простор кој со сигурност знам дека е силен колку некои емисии кои имаат термин на ТВ, што уживам во сѐ она што го правам и некако атмосферата за медиум ми е задоволена колку сакам и како сакам.

Дури некако сум со поблиска со публиката а и позната сум по тоа дека комуницирам буквално со секој што ми пишал, ме прашал, искритикувал или пофалил и тоа воопшто не ми е тешко. Напротив“; рекла Миа која сега е инфлуенсер.

-Се радувам што речиси три години јас одредувам кога е обичен ден, а кога работам. Има денови со набиена агенда во кои пцујам по паркинзи во Скопје, зошто никогаш не доцнам има денови кога ќе презакажам состаноци и нема да станам од кревет и никому за тоа не должам објаснување.

Има денови кога се посветувам на чистење, готвам секој ден, за Андрија ретко нема домашно зготвено, е кога сум зафатена знам да бришам шминка во 2 по полноќ и да мислам дека сепак имам нешто заборавено дента.

Немам рутина на ден, секој ден ми е различен“ рекла Миа во Женски магазин, и за својот син додала:

– Глупаво е да зборувам за моето дете, ама секој кој што го знае, знае дека е дете како по книга. Многу воспитан, многу кроток, многу одговорен.

Строга сум од ден еден, но тоа не е строгост што фрустрира туку е праведна строгост, или ќе добиеш сѐ што ќе замислиш ако ги завршиш обврските кои ти се дадени.

Дали е чистење соба или лектира неважно. Нема отстапки ни за храна. Љубител е на шеќер и имаме договор. Се јаде некое ‘здраво благо’ откако ќе се направи пауза после ручек од 3 часа.

Не мислам дека сум строга колку што мислам дека сум праведна за негово добро.

-Кога е Андрија во прашање немам помош од никого од ден еден. Ни финансиска ни физичка. Сега е веќе голем и сѐ она што ми било проблем и нерешливо сега е многу едноставно.

Седи сам дома кога е потребно, самостоен е и многу ми помага. Многу се сакаат со Тијана и ме одменија и со станување за во училиште иако патам од несоници, некако многу мразам да излезам од дома во 7 сабајле.

Мојата искреност и директност најчесто од љубов кон некого, зошто директна со небитни не сум, ме носат во конфликти и губење луѓе, но не за долго…

Се радувам што моите луѓе се околу мене, речиси 20 години имам исти пријатели. Не се каам за ништо, апсолутно за ништо, сѐ сум научила сама преку свои чекори и грешки.

Би ја сменила само мојата премислечка глава која ме носи во анксиозност и несоници. Ама па не може сѐ, нели?“, рекла Миа.

Миа Костова сега ужива со синт во Италија, тоест тие се на крстарење, и објавувајќи слика од нив двајцата од Матера, таа објави една емотивна приказна:

– А баш кога го родив си мислев дека нема да е лесно како Италија на дланка. Мислев дека нема да имаме слики од патувања ама ќе има насмевка на неговото лице каде и да сме. И така е.

Тој е среќен секаде. Три дена по ред пред заспивање ме гушка и ми вели ‘ме донесе до Италија’. Јас не ја видов Италија до 39, па ова го сметам како ‘тоа што може мајка ми, не може никој!’

А може ! И секоја мајка може најмногу за своето. Јас само сум среќна што мојата верба во неговото доаѓање на свет нѐ донесе во Италија 2023. Трпение и многу труд. Смеј се, мама!“.