Naslovna Zivot Гала журка во скап ресторан и ептен големо изненадување- еве што стори...

Гала журка во скап ресторан и ептен големо изненадување- еве што стори Цеца за својата внука Лидија

Иако Цеца Ражњатовиќ до неодамна се обидуваше да го скрие својот приватен живот од очите на јавноста, медиумите ѝ го следат секој чекор.

Неодамна, се појави фотографија од нејзината младост на Инстаграм, каде позира со нејзината мајка Мира.

На сликата и двете се облечени во црно и имаат кратка коса, па многу обожаватели на фолк дивата коментираат дека Цеца многу личи на нејзината мајка. „Иста мама“, „убави жени“, „убава мајка, и ти исто“, се само дел од коментарите на споменатата фотографија.

Она што, исто така, никој не можеше да го пропушти е големата насмевка на лицето на пејачката, по која и денес е препознатлива.

Цеца во една прилика откри дека оваа слика е наpравена во едне посебен момент, кога таа од мајка си го добила највредниот животен совет, а советот се однесувал на љубовта.

Во новата, 30-та епизода од документарно-фиктивната шоу програма „Цеца шоу“, се покажуваат најновите случувања во Семејството Ражнатовиќ.

Меѓу нив ќе се покаже и како изгледаше прославата на 18-тиот роденден на внуката на Цеца Хелена Оцокољиќ, ќерката на нејзината сестра Лидија.

Цеца Ражнатовиќ заедно со нејзината сестра Лидија приредија вистинска гала прослава во еден познат ресторан за 18-тиот роденден на нејзината внука Хелена Оцокољиќ.

По повод оваа специјална пригода, Цеца и приреди изненадување за паметење на својата внука.

– Имам особена чест да и подарам на Хелена, моја најдрага, прекрасно изненадување која сигурна сум дека ќе им се допадне на сите. Војаж за сите вас – им се обрати Цеца на сите присутни.

Војаж, познатиот српски рапер од помладата генерација, влезе во салата и веднаш го отпеа својот голем хит „Ла ла ла“, а сите присутни го поздравија со овации, пишува Блиц.

– Морав да се потрудам да го завршам роденденот на Хелена – рече Војаџ и и посака среќен роденден на оваа девојка.
Хелена не можеше да ја сокрие среќата, а не можеа ни нејзините врсници кои пееја на цел глас.

– Бев шокирана, ова воопшто не го очекував – искоментира Хелена.

Гордата тетка заедно со младите уживаше во ритамот на неговата популарна песна „Треси, Треси“, а таа како никогаш досега си ги кршеше колковите.

– Знам дека Хелена го обожава. Имав идеја да и го направам ова како изненадување, еден месец пред нејзиниот роденден се договорив со Нуќи и Војаж и момците веднаш прифатија.

Имаа одлична забава, а децата беа воодушевени. Хелена можеше да лета од среќа – рекла Цеца.