Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во една прилика рече дека неговата работа му влијае на приватниот живот и дека човекот е живо битие.
„Многупати се случува- ќе легнеш дома, и мислиш на сите тие проблеми што ги засегаат граѓаните и се обидуваш на најдеш решение. Се чувствуваш фрустриран ако не можеш да најдеш решение на некој проблем“, рече Максим.
Потоа раскажа за една непријатна случка: „Се сеќавам на една случка којашто направи не само да се чувствувам непријатно, туку и многу несреќен.
Сме имале многу случаи кога млади луѓе барале помош за медицински интервенции.
Имавме еден случај од едно семејство, на едно младо детенце, коешто за жал е веќе упокоено, коешто дента кога се упокои дедото и бабата беа кај мене и разговаравме подолго време, тие во солзи, и јас ја споделив таа тага со нив.
А во тој момент државата излезе со соопштение дека треба да им се дава финансиска помош на лица коишто сакаат да ги менуваат половите. Од друга страна, кумановската болница се уште нема мамограф.
Доколку го има, тоа детенце можеби и ќе беше спасено, бидејќи рано и навремено ќе му беше дијагностициран кар циномот.
И тогаш излегов гласно во јавноста и можеби бев погрешно сфатен дека имам нешто против таа популација.
Сметам дека секој има право на свое определување во животот, но дека тоа е еден процес којшто не треба да биде покриен од страна на државата. Ние не сме роботи ние сме луѓе. Тоа е проблемот во политиката, работите треба да се доживеат технички“.
Потоа, Димитриевски зборуваше дека имал среќно детство во Куманово, и дека со другарите од маалото играл кошарка, жмурка, џамија, крива магарица и кога биле Олимписките игри во Сараево, формирале тим кој се викал Вучко.
-Можеби тоа динамично детство придонесе денес да се изградам во таква личност и да се однесувам така со моите граѓани, и ги споделувам нивните чувства. Бев палав, но тоа беше се дел од тогашниот составен живот, и нашите деца го немаат тоа“.
-Јас сум горд што потекнувам од работничко семејство, потекнувам од големо семејство. Баба ми е ден-денеска жива има 94 години. Има 13 внуци, 12 правнуци. Живееме во семејна куќа која буквално се градеше целиот наш живот.
Работевме многу како деца. Не учеа да работиме уште од најмалите години.
Јас се сеќавам, одевме на нива, имавме овоштарник и лозје, и бевме посветени на тоа. Баба ми како столбот на ова време, кога бев мал ми пакуваше во фишеци грозје и разни овошја.
За Максим, приватно е познато дека има три деца и дека е во брак со Надица веќе 20 години. Во едно интервју за Женски магазин, неговта сопруга која е по професија наставник, вака си се претстави себеси.
-Надица, како и секоја модерна жена имам повеќе „капи“ кои ги носам.
Растена во своето родно Куманово, својот печат го имам оставено во повеќе организации од невладиниот сектор во кои членував и делував за време на своите студии, но и по нив.
Пренесувањето на знаењето и љубовта кон едукацијата ги практикував и низ волонтирањето и работата во хуманитарното здружение ,,Мајка,, од Куманово.
А желбата за дружба со најмалите го надополнував и со волонтирањето и во Здружението за неформално образование „Триаголник“. Но својата доедукација ја продолжував и се уште ја продолжувам и во текот на мојата работа.
Втората „капа“ е бракот со сопругот Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово. 20 годишен брак исполнет со љубов, почитување, слога и пред се разговор, во кои се и трите прекрасни деца Милан, Вероника, Димитар.
Главната причина за избор на оваа професија, љубовта кон децата и едукацијата, кон своите само ја нагласи таа љубов.
Стекнатото знаење во пред училишна а потоа и во одделенска настава при Педагошкиот Факултет во Скопје, успеав да го применам во целокупниот развој на своите деца.
Ги учев на препознавање и пишување букви, бројки, бои, на културни навики, на убаво однесување, но и многу повеќе“, изјави таа а за својот сопруг додаде:
-Со мојот сопруг сме заедно повеќе од дваесет и пет години, голема љубов, заеднички предизвици, убави моменти и искушенија.
А Максим вчера својот официјален Фејсбук профил објавил слики од важен настан за кој е напишано:
– Духовна музика во изведба на оркестарот “Симфониум” – Куманово (при СОУ Гимназија Гоце Делчев) во Митрополитскиот соборен храм Св. Никола во чест на Велигден, најголемиот Христијански празник“.
На постот од овој настан, нема слика од него, ама има од Надица, неговата сопруга. Таа е ептен дотерана со средена фризура, лакирани нокти и се гледа дека таа е жена која внимава на сите детали.
Па затоа, Маским Димитриевски не пропушта да се пофали со својата сакана во секоја прилика.