Naslovna Zivot Анета Молика со ова им докажа на оние колешки кои не користат...

Анета Молика со ова им докажа на оние колешки кои не користат глас, туку облека за да се покажат (ВИДЕО)

– Почитувани пријатели и љубители на нашата долгогодишна работа во Македонија и низ целиот свет ве покануваме на нашиот концерт кој ќе се одржи на 21.04.2023 год (петок) од 20ч во Центарот за култура во Битола“.

Ова го напишаа Анета Мицевска и групата „Молика“ на нивниот Фејсбук профил по повод концертот кој се одржа во Битола и најавија убави вести.

– Средствата од концертот ќе бидат наменети за Царската Црква, Успение на Пресвета Богородица и 12 Апостоли-Битолско кале, која е значаен историски и културолошки храм и една од најстарите цркви во Битола и околината но за жал во минатото разрушена и напуштена.

Сите заедно да оставиме уште еден белег, да придонесиме да се подигни овај Божји храм ,со Божји благослов, да го реализираме овој преубав проект и да помогниме вo неговото возобновување на постоечките темели за кои добивме благослов од Битолската Митрополија“.

Во својата долгогодишна музичка кариера, фолк пејачката Анета Мицевска се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада.

Тоа и донесе многу настапи и набиена агенда како во земјата, така и во странство, а стана ексклузивец и на српската „Гранд“ продукација.

Нејзиниот талент бил забележен уште на рани години, а мајката на Анета, госпоѓа Лиљана Љумаковска во интервју за svet-australia.com проговори за детството на пејачката.

„Анета како дете беше многу мирно и скромно дете. Од најрана возраст, велам најрана затоа што беше многу малечка се уште одеше во градинка, сакаше да пее. Имаше околу три години кога забележав дека пее интонативно точно.

На 9 годишна возраст ја пријавив на популарниот детски фестивал „СИ-ДО“ каде конкуренцијата беше голема. Анета на аудицијата ја отпеја песната „Свирејте ја зајди зајди“ од Олгица Христова.

Жирито беше воодушевено, едногласно беше примена на фестивалот.

Таму ја испеа песната „Среќна сум“ и тоа беше нејзино прво појавување на сцена. Нашето мирно девојче на сцена изгледаше многу поинаку“ вели мајката на Анета.

Лиљана истакна дека таа и шиела гардеробата на Анета на почетокот на кариерата.

„Анета уште од малечка беше правилно воспитана и насочена кон вистинскиот пат. Главно мото во моето воспитување беше да биде добра, искрена и чесна.

Да ги сака луѓето и да помага таму каде што може да помогне. Мислам дека успеав од неа да направам вистинска личност вредна за почит“ вели Лиљана.

Мајката на Анета исто така истакна дека многу му е благодарна на затот што го исполнил ветувањето од Анета да направи ѕвезда.

Анета Молика објавила слика од неа и од групата како вежбаат и тоа песна од покојната пејачка Витни Хјустон, и тоа I Have Nothing.

Анета ја „кине“ оваа песна како да е нејзина оригинална, а добила ваков коментар:

– Браво Анета, што и да пееш, дали е на македонски, англиски, српски, одлично, недостижна си, твојот ангелски глас, се ќе надпее и славејот рака ќе ти подаде.

Горди сме на тебе, прекрасна битолчанке. Докажа, за оние што не користат глас, туку гардероба“, стои во еден коментар.