Naslovna Zivot Антониа Гиговска доби голема критика откако се сликаше со откриен стомак: ти...

Антониа Гиговска доби голема критика откако се сликаше со откриен стомак: ти прави штета и на тебе и на бебето

Во јануари годинава, токму на нејзиниот роденден, Антониа Гиговска од зимскиот одмор на Копаоник, објави дека е бремена, и дека со Роберт Спасенцовски ќе имаат бебе.

Роберт е син на пејачот Боби Спасенцовски, кој изјави дека откако синот му се верил, тој доби уште една ќерка.

Гиговска е многу горда на својот сакан, и таа тоа јавно го покажува и го докаува, како пред неколку месеци кога покажа дека е бремена, така и во овој период.

Антониа ја сподели нова песна на својот Роберт кој пее под уметничкото име Џокер, а песната се вика „Такси“, и откако ја споделила, таа ставила емотикон со срце.

Откако по четири години ја прекина врската со нејзиниот колега Иван Јованов, вели дека изминатиов период поминала низ убави и лоши моменти, но сè уште искрено верува во љубовта.

За Женски магазин, Антониа раскажа за крајот на љубовта со Иван, но и за тоа што научила од него. Гиговска, која е еден од нашите најдобри женски вокали, вели дека со пејачот на „Либеро бенд“ е во одлични односи.

-Иван е човек кој што ме научил на многу работи, човек кој што многу ми помогнал и човек со кој сум пораснала и сум научила да сакам.

Одлучивме да ставиме крај и не би сакала да зборувам повеќе за тоа затоа што не чувствувам потреба после сè и сешто што напишаа (секакви клевети и невистини) да зборувам јавно и да им овозможам насмевки на лицата. Затоа што само јас и Иван сме во тоа, никој друг.

Ние сме во најдобри односи и мислам дека тука треба да се стави крај на приказната, му посакувам сè најубаво во животот“, изјавила Антониа.

Потоа, медиумте пишуваа дека трето лице е причината за нивното раскинување, а тоа е неговиот најдобар другар Роберт, а на оваа тена, Иван говореше во Бекстејџ.

– Јас не сакам да коментар за тоа што е вистина и што не е вистина. Тоа се зборува и низ градот, тоа и мене ми го кажале многу луѓе. Јас ќе се повлечам, нема да коментирам ништо, нема да загрозам ничији пат.

Времето ќе си покаже , на секој Господ ќе му го покаже патот“, рекол Иван. „Јас не сум зломаптило, јас сум човек што остава да се случуваат работите“, рекол Иван.

Антониа Гиговска објави сгои нови слики на кои гордно го покажува своетои трудничко стомаче. Сликана е во ресторан и напишала: Да го прошетаме мешко.

На ова, таа доби досат комплименти на сметка на изгледот, многумина и коментираа дека изгледа одлично во бременоста, но доби и еден ваков коментар:

-Девојче слатко, кој и да ти го прави ПР от, ти прави штета и тебе и на бебето. Уживај во бременоста бидејќи таа е посебна, дај си време за она што не си можела претходно. И запомни, тоа што го носиш во себе чувствува сѐ.“

Антониа на овој коментар одговори вака: Драга Оливера, верувајте ми дека уживам и сум посреќна од било кога. Нека не ве лаже една слика на мојот Инстаграм, никогаш во животов волку не сум седела дома.

Време за себе имам колку сакам и кога сакам. Ви благодарам на советот, и секое добро!“, напишала Антониа.