Naslovna Zivot Вака Марин Бабиќ ги помина последните денови од животот, емотивна исповед на...

Вака Марин Бабиќ ги помина последните денови од животот, емотивна исповед на неговите ќерки

Еден од нашите најпознати актери кој беше и радио водител а одржуваше и поетски вечери, и остана познат и по манифестацијата „Глумците пеат“ која ја има создадено, секако беше Марин Бабиќ.

Тој почина в октомври минатата година во Скопје, на неполни 75 години, а од него тогаш се збогуваа најблиските, неговите ќерки, нп и внукот, познатиот новинар Огнен Јанески на кого му беше вујко.

Растењето и адолесценцијата ги поминува во Прилеп и после 19 години, заминува од Прилеп и продолжува на Академија во Софија.

Има учествувано во многу театарски претстави надвор од Драмскиот театар, а помеѓу најзначајните се:

„Болен Дојчин“, „Лиза, Лиза“, „Свадба“, „Учени жени“, „Собирен центар“, „Бура“, „Вообразениот болен“, „Злостори на срцето“, “Најголемиот подвиг на витезот Сукало“, „Ивона кнегиња бургундска“ и уште многу други.

Во последното интервју на „Б СО ТОЧКА“ пред 3 години, Марин го даде последното интервју и откри многу интересни случки од неговиот живот.

-Јас имам пензија, меѓутоа не знам дека сум пензионер. Јас после неколку години прославував, чекајќи да се сетат во куќата моја каде што работев, бидејќи не се сетија и еден ден, работев во Драмски, не, живеев во Драмски, бидејќи театарот не е работно место.

Решив да си направам сам, бидејќи никој не се сети да ме испрати.

За тој проштален концерт, по повод моето одење во пензија, имав еден ситен спонзор колку да ми ги покрие бендот и превозот на публиката, но не можеа да ми стасаат средства на мојата трансакциска сметка, бидејќи ми беше блокирана.

Не сум платил данок за имот, а јас имот немам. И му се јавив, немав друго чаре, на мојот другар Трифун Костовски, да ми ја спаси ситуацијата и се најдовме во една кафеана со Трифун и му викам:

-Трифун, јас во среда ќе го откажам концертот. Зошто? Па викам, блокирана ми е сметката, на сметката ми се парите.

А тој, „Никако откажување“, вика времено ќе ме поддржи Трифун. Вика, „Во понеделник те чекам кај мене во канцеларија да дојдеш да видиме зошто си блокиран.“

И се јавивме во Тутунска банка и на директорот сега во пензија е:

„Абе што е ова со другаров што сте го блокирале, зошто е блокиран,“ па тој му рекол дај ми 2-3 минути да проверам, проверува, се јавува, епа не платил данок за имот.

И Трифун се врти накај мене и ме опцу и ми вика: „Зошто криеш ти дека имаш имот?“, „Немам имот“.

Стан кој сум го продал 2005 година, во 2008 година ми доаѓа за неплатен данок за имот. Па морав, да платам за да ме одблокираат и така се одржа тој концерт.

Инаку, наследничкоте на Марин Бабиќ, а тоа се неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ за „Слободен печат“, искрено зборуваат за богатиот живот на својот покоен татко.

Тие како аманет од него повторно ја оживеаа манифестацијата „Глумците пеат“, но зборуваа и за неговите последни денови од животот, кои ги поминал во болница.

Сме ги гледале сите, на сите сме биле присутни. Тоа на почетокот беше уште еден проект на нашиот татко. Веќе бевме навикнати на неговите ангажмани.

Не правевме разлика дали е ноќната програма на радио, театарска или филмска улога или ова шоу. Кај нас дома постојано нешто се „тркалаше“.

Тој беше многу комуникативен човек, а во тоа време немаше интернет или мобилни телефони. Работите се договараа лично. И тоа беше најчесто дома или во кафеана“; изавиле ќерките на овој познат актер, а потоа додале:

– Многупати се потврдило дека најгласните заминуваат тивко. За жал, смртта е реална и не е театар. Корона карантините си го направија своето, му беше како казна неможноста да биде меѓу луѓе, да се дружи, да работи.

Иако до последно беше со добро општо здравје, очигледно дека нешто си работело одвнатре. Навистина сме благодарни што неговото заминување не беше физички болно за него, едноставно за само неколку денови тој се „одјави“.

Беше мирен и спокоен, слушаше добра музика, имаше одлична нега од персоналот во болницата, ние бевме покрај него. До последно разговаравме за неговите идни планови, сакаше да направи уште еден поетски концерт.

Многу го нервираше што е во болница, сакаше што побрзо да си замине од таму за да почне да работи. Беше релативно млад, можеше да тера уште, но ете, животот имал други планови со него.

Но, за среќа, зад себе остави доволно за да влезе во друштво со бесмртните. И остави деца и внуци кои ќе го чуваат споменот“, рекле наследничките на Марин Бабиќ.