Naslovna Zivot Сања Николиќ по долго време се појави во јавноста со посебен повод-...

Сања Николиќ по долго време се појави во јавноста со посебен повод- еве како изгледа сега (ФОТО)

Сања Николиќ, поранешната манекенка и Мис на Македонија минатата година го прослави својот 39-ти роденден. Сања уште изгледа како девојче и ретко кој би ѝ дал толку години.

Поранешната манекенка која му е сопруга на пејачот Слаткаристика во 2020 година за првпат стана мајка. Таа и пејачот заедно го имаат синчето Моша, па во последната гоидина и половина уживаат во слатките маки на родителството.

Со една од своите понови песни, „Сибир“, Марко Маринковиќ – Слаткаристика раскажува една своја важна приказна и вели дека моментот кога престанал да пие алкохол, му бил инспирација.

Слаткаристика е феномен сам по себе, него инспирацијата никогаш не го напуштила. Од моментот кога стотици деца останаа надвор, не можејќи да си набават билети за неговиот концерт во преполната Метрополис арена пред 13 години, па сѐ до денес.

Оригиналните идеи го следат во текот на целата кариера, почнувајќи од неговата семејна приказна што ја раскажува во песната „Да полетам“, до песната „Кажи да“, со која со рапување во живо ја запроси својата Сања Николиќ.

Нивниот има три години. Марко вели дека со синот се едно. Во рапувањата на Слаткар сме речиси сите ние, целиот наш начин на живеење е опишан во многу од неговите песни, а дел од интересните лични приказни ги сподели за „Слободен печат“.

Секој има различен пат и различна мисија и затоа мислам дека не треба да постои трка со другите, туку трка со себе. Не е секогаш добро за тебе тоа што е добро за мене и обратно.

Покрај тоа што сум артист, јас сум и продуцент, имам мои артисти и пејачи за кои верувам дека се или можат да бидат подобри од мене, а тоа би било невозможно доколку сум тип на човек што се натпреварува.

Луѓето во мојава работа што се натпреварувале се музички „мртви“ токму поради тоа што повеќе мислеле на другите отколку што мислеле на себе.

Јас се одржувам со тоа што работам и вадам многу нова музика, не се летам и опседнат сум со мојата работа“, рекол Слаткар, а потоа вака искоментирал за Сања:

-Сања е маркетинг доктор и со нејзината агенција има многу работа, сериозни клиенти и нема многу време, освен за Моша и мене.

– Кога почнав да ја пишувам песната, инспирација ми беше кафаната, затоа што тој период решив да престанам да пијам алкохол и навистина бев гневен на сѐ што е поврзано со алкохол, а посебно на „Институцијата кафана“ како вруток на целата приказна.

Пет години немав ставено капка алкохол во уста, а тоа што го поминував додека се одвојував од старата „љубов“ за мене беше Сибир“, рекол тој за оваа песна.

А инаку, еднаш во Женски магазон, Слаткар има кажано нешто досат интересно за својата сопруга Сања, и за нивниот заеднички живот:

-Најчесто сум јас тој што утињам, а она е секогаш во право. А каранците се за далечинското дека не е на место, дека светлото не е угасено, или вратата од соба не е затворена.

Тоа значи дека неколку дена по ред јас ќе фрлам ѓубре. Може да ме трпи и затоа што можам да ја истрпам. Затоа што имам се што и недостасува и има се што ми фали“, изјавил Слаткар.

Слаткар инаку снимил нова песна, која се вика „Насмевка“, а е посветена на синот Моша кој сега има три години. Во овој спот има доста интересни видеа од Слаткар со неговиот син и моменти од неговото растење.

Но, во еден дел од видеото е и Сања Николиќ која беше Мис на Македонија е снимена на прошетка со синот и може да се види дека Сања која долго време се нема појавено во јавноста, топ изгледа.