Naslovna Zivot Оваа легендарна слика на Наум во пешкирче уште се коментира- еве која...

Оваа легендарна слика на Наум во пешкирче уште се коментира- еве која е нејзината приказна

Нашата музичка легенда Наум Петрески има голем багаж зад себе, а во една прилика отворено раскажа колку му бил најголемиот бакшиш во кариерата.

– Тоа беше многу одамна, во Вевчани се има случено, во кафанче помало од студиово, ресторанот го држеше мој пријател и сват во исто време, ептен другари сме.

И нè повика, имаше гости од Србија, од овде, од онде, генералниот директор беше на „Панонка“, и вечерта земавме некаде околу 12.000 тогашни марки и околу 3.500 швајцарски франци“, изјави Наум.

Петрески е познат како голем љубител на риболовот. Петерски е татко на четири деца, Сања и Анастасија која е позната пејачка, ќерките од првиот брак.

Од бракот со Зуица Лазова го има синот Стефан и ќерката Македонка. Наум е веќе и дедо, неговата ќерка Анастасија има две деца.

Инаку, и Анастасија е мажена за колега, а тоа е пејачот на групата „Биоритам“, Владимир Поповски.

Наум беше гостин едно издание на ТВ магазинот „Бекстејџ“ за време на пандемијата кога пејачите не настапуваат, и отворено раскажа од што живее во моментов и колку е во минус.

– Еве, јас ќе и кажам финансиски дека за последнава година сум 60, 70 илјади евра во минус. Живееме со платата од жена ми и пензијата од мајка ми, меѓутоа тоа е…

Потоа Наум рече дека од тие пари тешко се живее и дека едвај чека да им се врати на настапите.

Неговата сопруга Зуица Лазова беше гостинка во емисијата „Магазин“ на Тв Сител.

-Имавме навистина прекрасно детство, моите убаво не воспитуваа. Не се среќававме со пандемијата како денешниве деца.

И јас и Наум се трудиме, но мислам дека нема да успееме да го обезбедиме она што ние сме го поминале како деца. Да им обезбедам една безгрижност, сигурност, а не ваква неизвесност.“, рече Зуица.

Македонка повеќе наликува на Наум, но милувам да кажам дека Стефан ете, повеќе личи на мене“, рече Лазова за своите деца и за сопругот. Наум е познат како голем боем, некој кој сака да запее во друштво за мерак.

Наум Петерски од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

На прашањето дали се доживува како ѕвезда – во едно неодамнешно интервју одмавна со рака и рече дека во Македонија не може да се биде ѕвезда, особено не сега кога фолкот е на маргините.

Над 300 песни има на својот репертоар и снима активно. Сепак, фестивалите како рече, веќе ги остава за помладите.

На Фејсбук постои страница која се вика Брадата на Наум Петрески и таму е шерната една постара ама доста легендарна слика од Наум, каде што тој е завиткан само во пешкирче.

Се коментираше оваа слика во емисијата Еден на еден, и се покажа во текот на емисијата, а Наум се насмевна и ја раслкажа приказна за оваа ептен јака фотка.

-Овде сум во Катлановска бања, таму сум сликан. Кога имам време, таму одам да се релаксирам, да се масирам, изјави Наум Петрески.