Naslovna Zivot Љубовната приказна на Жељко Јоксимовиќ и Јована- Се вљубиле кога и двајцата...

Љубовната приказна на Жељко Јоксимовиќ и Јована- Се вљубиле кога и двајцата биле во врска со други

Пејачот Жељко Јоксимовиќ го слави својот 51 роденден, а оваа прилика на својот Инстаграм се огласи и неговата сопруга, водителката Јована Јоксимовиќ.

Имено, таа сподели неколку фотографии и јавно му се обрати на сопругот со емотивна порака.

– Среќен роденден љубов моја – напишала кратко, а многумина ги погодила досега невидената фотографија на Јоксимовиќ од забава, на која тој држи чаша на главата.

Потсетуваме, Жељко и Јована се запознале додека работеле на Евровизија организиран во Белград, по што набрзо започнале романса која резултирала со заеднички живот, тројна венчавка и раѓање на три деца.

Клучната средба на Жељко и Јована се случи во 2008 година. Тие беа ангажирани како презентери на оваа церемонија и тогаш летнаа искрите, па многу брзо влегоа во љубовна врска.

Во тој момент и двајцата беа во емотивни врски, Јована излегуваше со бизнисменот Александар Зеремски, додека Жељко беше во врска со водителката Адријана Чортан. Сепак, и двајцата раскинаа и започнаа своја бајка.

„Мислам дека нешто се случува помеѓу двајца луѓе или не. Тоа заљубување што доаѓа како некаква прва емоција, тој животински инстинкт што не можеш да го спречиш, ми се случи кога имав 27 години.

Пред тоа бев во сериозна врска и немав немав причина да не ги следам моите чувства.Мислам дека беше доста искрено од моја страна.

Се заљубив и сакав да ја живеам мојата љубов и така решив, а реши и Жељко на тој начин. И така станавме првата евровизиска двојка“, изјави своевремено водителката гостувајќи во емисија на ТВ Пинк.

“Од една страна, јас бев зафатена, а и тој. Не е лесно да се донесат такви одлуки, но кога нема деца, тие работи се полесни.

Мора да бидете искрени со себе. Колку и да изгледа тешко, во моментот кога ќе се заљубите веќе сте ја изневерувале личноста со која сте во врска.

Едноставно ништо не можете да направите. Кога сте заљубени, не го планирате животот околу поминување време со една личност , размислуваш каде ќе ја сретнеш таа друга личност и ќе седнеш со неа.

Тоа е вистината што ја ставаме како нешто што е основно и не сакаме да го слушнеме. Мислам дека е фер да му се каже на личноста спроти од тебе дека си се заљубил и да видиме што правиме“, додаде таа.