Статус на Јорданка Ивановска Јоци:
Додека госпожа Данела со 2.000 евра плата две години се бави со карање и крпење улици и тоа си го нарекува ,,модерно Скопје”, ниеден од овие 5 ветени булевари плус кружни текови во нејзината програма не е ниту почнат, камоли готов (со исклучок на Б.Трајковски чија реализација ја отпочна Шилегов, а градежните работи 2 години се влечат и не се ни при крај).
Ако женава си ја прочитала самата сопствената програма, ќе види дека и` поминаа 2 години единствено во шљакање асфалт и сликање со понекоја шахта.
И така некако мандатот тече неповратно и има уште само 2 години да го заврши она кое го почна Шилегов, а абер нема.
Толку има да ги почне и евентуално да ги изгради оние булевари кои ги вети, а секако тоа нема шанси да се случи.
Бул.Хрватска кој треба да ги спојува Бутел со Автокоманда.
Продолжување на бул.Словенија – од Визбегово до Ѓорче Петров! Продолжување на бул.Т.Гологанов – од Карпош до Ѓорче Петров! Изградба на 3 фаза од бул.Б.Трајковски до Драчево!
Да изгради два кружни тека – еден кај НИП и друг во К.Вода за да може да се отвори и да е проодна за сообраќај подземната сообраќајница кај Јужен булевар.
И` препорачувам да си ја прочита целата програма, што сé изнапишала и да почне да работи капитални проекти. А, не ,,козметики за проста маса” кои никогаш не поминувале кај скопјани. Имено, нека ги праша Шилегов и Трифун колку ќе и` помине фолирањево.
Скопјани бараат работник, булдожер, некој кој ќе р’мба 24/7, а она не е ни приближно до тоа.“