Naslovna Zivot Еве во каква романтика ужива Миланка Рашиќ, ваков одмор секој ќе посака,...

Еве во каква романтика ужива Миланка Рашиќ, ваков одмор секој ќе посака, но со кого е? (ФОТО)

Миланка Рашиќ е повеќе од две децении познато ТВ лице. Кариерата ја започна како водителка на бројни емисии за танц, филм и музика на МТВ,.

Исто така била дел и од фестивалските сцени на „Макфест“, „Скопски фестивал“, „Интерфест“, „Браќа Манаки“, „МАРС“, „Езерски бисери“, „КС Денс“.

Коментатор е на најголемите ТВ настани: доделување на Оскари, Греми, Евровизија, Европските филмски награди, Сан Ремо, Мис на светот.

Таа е една од првите која правеше интервјуа со ѕвезди како Хулио Иглесијас, Синди Крафорд и Џони Логан. Беше судија во првата сезона на „Танц со ѕвездите“.

По заминувањето од МТВ, во 2004 година, ја отвори агенцијата за Тв дистрибуција и производство „Миракс“ и соработува со речиси сите домашни телевизии.

Јавноста често ја коментира појавата на Миланка како секогаш иста. Младешкиот изглед и дух, таа вели дека ги негува со здрав живот, а и помага и генетиката од нејзините родители.

Сега таа води емисија на Македонската телевизија која е поврзана со филм која се вика во Кадар, а за својата кариера и живот еднаш има кажано:

– Долги години од кариерата во МТВ, бевме неколкумина водители и презентери многу често пред камерите. Еве ќе ги издвојам презентерите на вести, Александар Деловски и Борче Николовски.

Радиофоничен глас, совршена дикција, професионално однесување, почитување на публиката, на сето ова ме асоцираат нивните имиња. Имаше систем на вредности, се знаеше кој може, а кој не може да е пред камера.

За мене е единствено прифатливо да се работи на тој начин. И сега има професионалци во повеќе телевизии, но, поретки се. Систем на вредности скоро и да нема.

Не можам да разберам зошто се на телевизија некои луѓе кои зборуваат на скопски или друг дијалект.

Не внимаваат на јазикот, неразбирливо зборуваат, немаат речник и не умеат да се изразат, луѓе кои не ги почитуваат гледачите, не се подготвуваат за разговор со гостите или им фали половина азбука.

Моќта на телевизијата е огромна, а со тоа и одговорноста на сите ТВ лица. Искрено, многу ми значи кога ќе ми кажат дека сум им била пример.

Снеже Велков е една од првите водителки која јавно кажа дека гледајќи ме на телевизија посакала да се занимава со оваа професија. Ми го наполни срцето со радост!“

Миланка Рашиќ е затворена книга кога станува збор за нејзиниот приватен живот, поточно за љубовта, а во една прилика, има кажано нешто на таа тема:

Кога ја прашале: Имаш ли партнер со кој ги делиш убавите нешта, Миланка за Женски магазин има одговорено:

– Имам. Поголема е среќата кога се дели со некој што те сака. Кога ми е денот полн со облаци, тој е мојот зрак сонце. Само што мојот приватен живот си останува приватен. Нема потреба од милион слики по социјалните мрежи.“

Е сега, оваа нашата уава новинарка објави убави слики на социјалните мрежи. Имено, таа е на едно романтично патување и кажа дека го видела најубавото изгрејсонце, и тоа од балон.

Миланка напишала: Изгресонце во Луксор, и објавила слика од нејзиното патување во Египет, но не кажала со кого одмара таму и дали со неа е нејзиниот сакан.