Naslovna Zivot Дац денеска слави јубилеј, нема да ви се верува колку години полни

Дац денеска слави јубилеј, нема да ви се верува колку години полни

Дуото драган Спасов- Дац и Александар Митевски во едно интервју за 7дена.мк се опишани како различни приказни, различни години на раѓање а сега иста музичка приказна која се пие – на екс.

Потоа Дац и Александар ги прашаа: музика и збор, дружба и доверба. Што беше пресудно, како дует, да почнете заедничка биографија?

Пред се дружбата, истите ставови кон нештата, но и различностите во сфаќањата на музиката. Јас од гледна точка на актер а Александар на музичар“, рекол Дац.

– Спонтаноста. Некогаш најубавите работи излегуваат од она што не го планираш. После една заедничка свирка, веќе се исцрта таа наша музичка патека по која ќе одиме.

Дац го дава оној актерски, поетски , кабаретски шмек во нашите настапи а јас се грижам секоја нумера да ни е автентична и хитовска.

Мислам дека се појавуваме во вистинско време и носиме вистински пораки во контекстот во кој живееме“, изјавил Александар Митевски, а тие искоментирале и за жените на овој начин:

Жените одсекогаш биле поотворени кон сфаќањето и искажувањето на љубовта, па оттаму и примањето на нејзините пораки. Мажите се малку потврди но, се повеќе знаат да искажат и да примат љубов.

Така што, проценти ќе бидат во прашање, кој повеќе ќе не слуша а, жените, се разбира секогаш имаат предност“, изјавил Дац, а Александар рекол:

– Ние како со некој коректор сакаме да ги покриеме неубавите работи од секојдневието и да потсетиме на некои заборавени вредности. Преку нашата музика и текстови ги враќаме работите на вистинското место.

На луѓето им се допаѓа тоа што носиме носталгија, убави спомени, кажуваме убави стихови, шириме позитива, љубов, пријателство и среќа“.

Во едно интервју за Слободен печат, Дац раскажал како минатата година, тој без знае, го оженија со неговата Весна, и тоа на свирка со Митевски во еден локал, каде што му викнаа матичар.

– Тоа беше навистина едно непредвидено до крај, речиси филмско сценарио, а Дац воопшто немаше поим за целата работа.

Целата „ујдурма“ ја организираше неговата Весна, со моја асистенција, нашите поблиски пријатели и менаџментот и амбиентот на клубот „Трибека“, каде редовно имаме настапи.

Сé се случи на роденденот на Дац; се купија прстени, се повика нашиот пријател, матичарот Роки (кој од нас неодамна доби „Љубовен пасош“), ја заградивме скришно бината за да не може нашиот иден „зетко“ да избега од ненајавената венчавка.

Во паузата на нашиот настап, нашиот диџеј Миле пушти свадбен марш и Дац мислеше дека некој друг ќе се жени или мажи затоа што родендени, предлагање на бракови и разни прослави секогаш се неизоставен дел од нашите настапи.

Весна, невестата, и нејзините другарки деверуши се појавија, дојде Роки со книгата на венчани за потпис, на Дац му ставивме „пеперутка“ машна и тоа беше тоа.

Цела кафеана грмна во делириум. Прво мислеа дека нешто изведуваме и глумиме (постојано правиме некои изненадувања), но потоа се виде дека сето тоа е вистина. И од тогаш до денес, „младите“ живеат среќно и весело…“.

Прво што ми падна на памет е некоја од шегите што редовно ми ги приредува, сега веќе, сопругата Весна, но кога ја видов со велот на глава, сите други жени со ленти на главите, како вовед дека сепак не станува збор за шега, и кога конечно го видов матичарот Роки со книгата за потписи – ми стана јасно.

Александар ми стана кум, а нашата другарка Сандра – старосватица. Беше навистина убаво изненадување. Обично ги насетувам работите, но овој пат буквално бев затечен, и не жалам за ниту еден момент кој подоцна се случи“, рекол Дац.

На Фејсбук страницата на Александар Митевски и на Драган Спасов- Дац е објавено дека Дац денеска слави роденден, и тоа јубилеен.

– Денес на Дац му е роденден и заокружува 60. Да ни е жив, здрав, среќен, насмеан и распеан“ стпи на Фејсбук профилот на Дац и Александар, но реално на Дац кој изгледа доста помладо, ретко кој би му ги дал овие години.