Иако серијата “Преспав“ веќе некое време не се емитува, луѓето се уште ја бараат и ја паметат. Ликот на харизматичната рецепционерка оригинален печат му даде Јелена Јованова- Периќ.
Во „Преспав“, Јелена сонува за добар маж, за светска слава, а сонот на рецепционерката нашата актерка приватно и професионално веќе го живее.
Од филмот „Во земјата на крвта и медот“ на Анџелина Џоли, преку бројните тетарски, ТВ и филмски улоги, до моментот кога завесата ќе се спушти и камерите ќе се изгасат, а Јелена ќе продолжи да ужива во она што за неа е најголемата среќа, да му биде мајка на Јаков и сопруга на актерот Стјепан Периќ.
– Јелена рецепционерката е еден ултра забавен, никогаш здодевен и инспитаривен лик. Безгранично отворен за игра, весел и неисцрпен карактер.
Од неа може да се очекува буквално се’ и таквата непредвидливост е нешто што ме забавува секој миг поминат со неа на сет, а на мое големо задоволство гледам дека и публиката го ужива истото.
Но Јелена не е само моја креација. А за нејзиното постоење надвор од „Преспав“ си посведочив веќе неколку пати“, кажала оваа позната глумица.
– Се породив во краткиот период кога придружбата беше дозволена па имав среќа Стјепан да биде со мене цело време.
Добро си ги имаа поделено улогите па поприлично успешно го водеше породувањето заедно со бабицата. Ми беше неизмерна поддршка и не можам замислам тој момент да не го доживеавме заедно.
Во тој момент со измешани среќа и незамислив умор собрав сили да тројцата се гушнеме и да си нарачам песна. Додека тоневме во прегратка другарството го започнавме со “What a wonderful world” од Луис Армстронг!
Ни тргна со песна!“, рекла Јелена за Женски магазин која синот го роди за време на пандемијата, во 2020 година.
– Мајчинството е слатка робија! Понекогаш добивам чувство дека животот ми е на трака. Се трудам да го возам овој ролер костер најдобро што знам, да не се заборавам себеси но и бракот.
Јаков немаше ни четири месеци кога се вратив на работа. Дури снимав се чувствував комлетна. Во радарот на некои мајки враќањето на работа помина со поддршка, а кај некои на кого мајчинството им е професија (нивна одлука која потполно ја почитувам) помина со обвинувања.
Мајка на мајка знае да е тешка што многу ме изненади. Тоа пак ме научи да си верувам и да знам дека секоја мајка го знае најдоброто за своето дете.
Времето за себеси често ми го обезбедува и Стјепан кој знае да ме “избрка” во друга соба на спиење и тој да превземе сѐ.
Знае да ме натера да излезам соло, да прочитам книга во мир или да се чујам со драги луѓе“, изјавила оваа позната глумица за Женски магазин.
А Јелена, својот сопруг го има запознаено во Загреб на снимањето на серијата „Тајни“. Романсата од малиот екран со колегата Стјепан Периќ продолжи и во вистинскиот живот. Интересен е моментот што во хрватската метропола се запознале и родителите на Јелена.
– Ако секој од нас ја завршува приказната на своите родители, јас во Загреб сигурно се надоврзав на нивната и започнав една моја, поинаква.
Никогаш не мислев дека ќе се вратам таму од каде тие тргнале и уште помалку дека таму и ќе љубам. Верувам Евреите биле во право кога од својот речник го извадиле зборот „случајно“ – изјави Јованова во едно интервју.