– Кога започнав со пишување во 2007мата мислев дека цел живот, ако воопшто продолжам со пишување ќе пишувам само за мојот живот, односно за она што го преживувам“, кажа во една прилика напата позмата пејачка, наставник по музичко, нп и писателка Сузана Турунџиева за своите романи.
– Но 5те минути ме воведоа во еден сосема поинаков свет, во кој јас доживеав вистинско откровение, и сфатив дека да креираш приказна.
Да измислуваш приказна и да креираш ликови кои не ги познаваш и не постојат, е многу возбудлива авантура, која ме прави премногу среќна, исполнета и позитивно настроена кон целата таа процедура додека трае создавањето на делото.
Тоа е една невидена екстаза, во која учествувам целосно, со секој атом енергија и емоција која не ја штедам ни малку“, рекла Сузана за macedoniantimeline.blogspot.com
– Идеите ми доаѓаат спонтано, ненајавено, непланирано… Во секој миг од моето постоење. Додека возам, чистам, шетам и спијам…
Се инспирирам од се што ме опкружува, од се што восприемам и не чекам време, ами сега и веднаш отпочнувам со фаќање белешки, за да не ми замине идејата“, додала Турунџиева која е мајка на две ќерки.
– Свирам на клавир, гитара и хармоника. Клавирот ми е секојдневен придружник и е составен дел од мојот живот.
И колку и да имам тежок, напорен ден, јас седнувам, свирам и пеам, а дури тогаш сите виуги во мојата глава си доаѓаат на своето место“, кажала Сузана која за жал пред неколку години го загуби својот сопруг Маријан.
Музиката отсекогаш беше јазикот на кој најдобро се изразувам…. Пеам, значи постојам! беше мојата девиза.. Најнесреќна сум била во животот секогаш кога ми било болно грлото, кога не сум била способна да пеам..
Тогаш тивко умир ав.. иако знаев дека ќе помине, дека не е ништо опасно. Но, животот ме однесе на едни сосема други раскрсници, каде се помалку има простор за музика, а се повеќе време за пишување“, рекла Сузана.
Таа е позната и како многу хумана личност, а тоа најдобро може да се види во дружбата со Атиџе Муратова, познатата пчеларка од документарниот филм „Медена земја“.
– Редовно учествувам на сите настани од хуманитарен карактер, донирам книги, слики, а многу често и во моите емисии поттикнувам на хуманоста, како особина, која не треба да дозволиме да заспие.
Сакам свет со добри и свесни луѓе, кои ќе размислуваат глобално, зашто среќата е убава кога се дели со останатите“, изјавила Сузана.
Но, нејзиниот живот воопшто не беше лесен, а го одбележаа повеќе неубави случки. Сузана Турунџиева на својот фејсбук – профил сподели емотивна објава во спомен на нејзиниот упокоен брат.
Братот на пејачката прерано го загуби својот живот на 36 годишна возраст работејќи во Канада. Панде Турунџиев според написите во медиумите најпрво бил кидн апиран, па упокоен под неразјаснети околности, кои семејството никогаш не ги дознало и до крај никогаш не биле расветлени.
Болката за семејството Турунџиеви не стивнува и по повеќе од две децении години од загубата. Во спомен на својот брат пејачката сподели емотиво видео со фотографии од семејниот албум од раното детство на Панде и заеднички фотографии од бројни убави моменти од младоста на непрежалениот брат, син и сопруг.
– Се навршуваат 20 години, а јас сè уште не го најдов тоа „време кое лечи сè“. Истата болка, немир и невидена празнина…
Ме крепи само мислата дека можеби моето братче се наоѓа на некое подобро место од ова, стои во описот на објавата на Турунџиева која ја сподели во 2021 година.
Сузана повторно на својот Фејсбук профил сподели емотивна објава за својот брат Панде, кој го напушти овој свет во 2001 година.
– Едно братче на Небото денес слави роденден. Панде. Среќен роденден на сите родени на 19ти април“, напиша Турунџиева во оваа емотивна објава.