Naslovna Zivot Тамара ептен уникатно облечена во Лондон, а еве што ѝ порача Илина...

Тамара ептен уникатно облечена во Лондон, а еве што ѝ порача Илина Арсова

Новата песна „Нијагара“, на Тамаар Тодевска која излезе неодамна, таа ја посвети на сите луѓе што во одреден момент се почувствувале ранливо и разочарано.

Иако е многу емотивна личност и животот ѝ се промени откако минатата година се разведе од сопругот, Тамара Тодевска вели дека кај неа воопшто не е сѐ така црно“, објави неодамна Слободен печат.

И додека наголемо се подготвува да промовира нови песни на регионалниот пазар, најважни ѝ се локалните, домашните случувања – доброто на нејзините деца, Хана и Дарен, за кои со нивниот татко, Александар Димитровски – Мачка, заеднички се грижат.

За првпат во јавноста, поп-ѕвездата зборува за разводот и за тоа колку ѝ била болна и стресна разделбата со Мачка, како и за своето сегашно секојдневие со децата.

„Нијагара“ е насловот на мојата нова песна, која е придружена со видеозапис (спот). Оваа песна ја подготвуваме подолг период и баравме вистински момент за да ја објавиме.

Песната е на српски јазик, но е наменета за целиот регион. Направивме и прилично квалитетен спот и оттука верувам дека ќе имаме добра промоција во Македонија, но и во земјите од регионот (Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора)“, изјави Тамара за Слободен печат.

– Инспирацијата, идејата може да се појави буквално во кој било момент. Впрочем, таа спонтаност и непостоењето притисок, според мене, се клучни предуслови за да може еден уметник да се изрази.

„Нијагара“ настана сосема спонтано, а песната се однесува за сите луѓе што во одреден момент се почувствувале ранливо, разочарано.

„Нијагара“ е за сите што се неправедно етикетирани, да знаат дека на крајот има решение, а тоа е да продолжиме со борбата. Динамична е, брза, со интересен спот и се надевам ќе ви се допадне“, рекла Тамара, а потоа прозборела за разводот.

– Во секој брак, во секоја врска е различно. Нема унифицирани и единствени правила. Партнерите најдобро знаат кога бракот/врската повеќе не функционираат и решаваат да се разделат.

Повторно ќе кажам, при разделбите многу е важен интересот на децата. Во никој случај не смееме да ги пренесеме разочараноста и гневот кон децата и тие да претставуваат пинг-понг „топче“.

– Ако кажам дека ми беше лесно – ќе излажам. Секоја разделба е болна и стресна и тоа не се срамам да го признаам.

Некако многумина сакаат да зборуваат дека веднаш продолжуваат напред, дека и разводот може да биде нова можност… не знам, не влегов во тој филм, затоа што според мене, никогаш не треба да ги криеме емоциите и себеси да се залажуваме.

Имам две прекрасни деца, опкружена сум со искрени пријатели, ја работам работата што ја сакам и не е воопшто сѐ така црно“. Тамара овие денови е во Лондон, а зошто е таму, објави неодамна на социјалните мрежи каде што напиша:

Четири години по Тел Авив, #Proud сѐ уште живее и е дел од предевровизиските настани. Имавме одлична #EurovisionParty во Лондон. Се гледаме на малку поинаков концерт, во The Water Rats.

А тој концерт кој го најави се одржа, а и Тамара таму настапила во придружба на Македонец кој живее во Лондон, а тоа е Бојан од групата Ај кју.

Бојан свирел гитара додека Тамара пеела, а ги снимала Марија од Ај кју, и имало супер журка. Тамара била уникатно облечена, со црни пантолони и откриен стомак.

Потоа, таа објавила слики од Хајд парк од Лондон, и на сликите сите ѝ коментирале дека супер изгледа, а меѓу нив е и Илина Арсова која напишала: Преубава, среќна и исполнета. Секогаш вака!“