Naslovna Zivot Се раскомоти на плажа во Сиднеј- еве каков живот си живее Лозано...

Се раскомоти на плажа во Сиднеј- еве каков живот си живее Лозано во Австралија

Какви сеќавања имаш од почетоците на кариерата, од времето кога започна како млад талент во шоуто на Драган Вучиќ, „Мак ѕвезди“?, е прашање кое пејачот Лозано вго добил во една прилика, а тој на ова одговорил:

– Многу сеќавања, многу спомени. Патот не беше лесен секако, но забавен, разнолик.

Почетоците беа од таму точно, шоуто започна откомври 2007 година, но официјално кариерата ми започнува 2008 со мојата прва песна „Врати ме“.

Се сетив на тоа кога уште на стартот на шоуто на „Мак ѕвезди“, сакав публиката да ме знае како Лозано, поради тоа што претходно сите ме познаваа така.

Во една прилика кога им кажав во шоуто дека сакам така да бидам именуван, добив одговор дека мора со целосно име и презиме, дека потоа сите учесници ќе сакаат да бидат именувани по нивен избор, а на почетокот бевме 30 натпреварувачи“, рекол тој за Женски магазин и додал:

– Имав прекрасно и безгрижно детство, во моето родно Кичево. Бев опколен со прекрасни луѓе, моето семејство, моите соседи, имаше тогаш многу дечиња, мои врсници.

Правевме најразлични будалаштини, од сѐ правевме игра, измислувавме игри, се радувавме на обични работи, си правевме засолништа и куќи од делови, врати, хауби, гуми од коли.

Бевме махери за сѐ, трки со бицикли низ маало (така во Кичево ги викаме велосипедите). Играње со топка од утро до мрак, па во текот на денот мајка ми или баба ми ќе ми викнат од дома:

“Влаткоооо ајде да јадеш”, затоа што мене не ми текнуваше на тоа и ќе појдев ќе си скршев краишник од леб и пак се враќав.

Се качувавме на црешни, кајсии, сливи, па ќе излезеше газдата па ќе не брка. Игравме били (џамлии) на сликички од стари албуми, тогаш беа популарни албумите со Тарзан, Нинџа Желки, Краш, Штрумфови, па Турбо мастиките со сликички со автомобили, болиди..

Често одевме на село кај баба и дедо, па таму си игравме со сестра ми со најразлични животни, имаше крави кои сите до една си имаа име, па зајачиња, се храневме исклучиво со здрава храна набрана од градина.

Уште се сеќавам на вкусот на храната, на мирисот од тоа време. Па навечер кога ќе се стемнеше немаше струја, ќе вклучеше баба ми фенер… Прекрасно детство во секој случај“.

– Настапувам на разни настани и се радувам на тоа што денот им го правам уште поубав. Обично ми ги бараат моите песни, што ми е многу драго.

Но, секако има и отстапки, пеам и песни кои се општо познати кај народот, сепак тие се најважни во тој момент и сакам колку што можам да им ги исполнам желбите“, кажал за Женски магазин Лозано.

Влатко за Репортер открил дека е страсен навивач на Манчестер, дека ужива да гледа, но и да игра фудбал.

„Играм од поодамна, и тоа со фудбалски екипи кои се по професија музичари. Годинава го освоивме првото место и играњето фудбал не само што е одлична дружба со пријателите туку и начин да ја преточиш негативната енергија или стресот во нешто друго“, вели Лозано.

Младенците го бараат како изненадување за свадбите, каде најчесто со своите песни го отвора свадбениот валцер .„За мојата свадба ќе ѝ препуштам на понежната половина да ја одбере нашата песна“, открил Влатко.

Во однос музичката сцена, пак, вели дека кај нас има квалитетни музичари, ама жално е што за сите поголеми музички настани или фестивали секогаш се ѕвезди регионалните пејачи, а не домашните.

Лозано е сега на турнеја во Австралија, заедно со Мартин и Стефан, браќата од „Некст тајм“. И според она што досега можевме да го видиме на социјалните мрежи, ептен добро им оди..

Поточно, нашинците ептен се интересираат за нашите пејачи таму и ги полнат местата каде што настапуваат и ги пеат сите нивни песни.

А, Лозано објави една слика која е доста необична. Имено, пејачот покажа како изгледа кога е раскомотен на плажа, бос и се гледа колку оваа земја му годи и каков живот живее додека е таму.