Naslovna Zivot Ромео Грил ѝ напиша романтична песна на Калиопи, а таа ја запеа...

Ромео Грил ѝ напиша романтична песна на Калиопи, а таа ја запеа со друг човек, еве за која голема ѕвезда станува збор

Калиопи е музичка дивца во вистинска смисла на зборот, но таа е карактеристична и по нејзиниот стил, што во една прилика го коментираше за Фешнел:

– Веројатно тоа е врежано некаде внатре во мене , врзано со самото раѓање, каде е човек роден, каде го вдишал првиот воздух, во какво семејство и луѓето од кои можеш да видиш што е животен стил.

Како што била баба ми, моите тетки, мајка ми,татко ми, мојата сестра која е постара од мене и секогаш ми била идол во однос на тоа каков изграден стил имала таа.

Значи ние сето тоа го впиваме и се врежува во нашите мисли и око, дури на моменти се фаќаш себеси како имитираш некого, препознаваш дека е дел од она што ти го правиш и со тек на времето растеш и доаѓаш до моментот, ова ми одговара, ова не и така според мене оди целиот тој процес“, изјавила Калиопи.

– Секогаш уметноста. Таа е она што ја сочинува главната провокација во она што го творам низ визуелизација на нештата.

Долго време ми треба да живеам со она што го творам, тоа често не е пред очите на јавноста, тогаш можам да бидам и во патики, тренерки, пижами и си дозволувам такви моменти кога нема кој да ме види.

Потребно ми е да дознаам што луѓето гледаат во мене кога не им го пружам максималното исполнување на целата слика која што ја доживуваат додека сум на сцена.

Сметам, дека многу е важно човек да биде свој во секој сегмент, а она што уметноста ќе ми го наметне како потреба и инспирација се одразува на тоа како јас ќе изгледам на сцена.

Иако, морам да признаам дека сум најсреќна кога не морам да позирам, работев на тоа години и години, зашто се случуваше кога ќе се вклучат камерите јас да се преобразам во друга личност.

Со тек на времето ги пронаоѓам луѓето на кои знам дека му припаѓа некое мое парче облека.

Има една смешна ситуација уште кога имав повеќе килограми од сега, имав купено едни панталони во Загреб, кои не можев да ги навлечам дури ни до колено ама многу ми се допаѓаа.

Па така ги подарив на мојата сестра која тогаш беше послаба од мене. Јас бев лута на себе што не можев да ги гледам панталоните и кога ослабев таа не ги облекла воопшто и ме израдува кога дојде и ми ги донесе како подарок.

Кога ги облеков бев многу благодарна затоа што со тоа ми врати едно парче што многу ми значеше а ми ја врати и вербата дека освен мене верувала во тоа што сум јас.

Душата, насмевката и секако она што е главна одлика на нас, навиката да бидеме секогаш средени и чисти“, изјавила Калиопи.

Познато е дека таа е во пријателски односи со нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил и дека тој пишува песни за неа подолго време.

Калиопи на социјалните мрежи објави дека излегува нејзина нова песна која ја компонирал Ромео Грил, а стиховите кои на српски јазик и исто така ги има создадено Грил одат вака:

– И НИКОГАШ НЕ САКАВ ДА ТЕ ОСТАВАМ ИЛИ ДА НЕ ДАДЕ БОГКРАЈ ДРУГ ДА СЕ БУДАМ, И АКО НЕКОГАШ ЖИВОТОТ НЕ СВРТИ ВО КРУГ ТИ СИ МОЈАТА СРЕЌА, ЉУБОВ И ПРИЈАТЕЛ.

НИКОГАШ НЕ БИ ДОЗВОЛИЛ ДА ТЕ ПОВРЕДАТ, ИЛИ ДА ГО СМЕНАТ ИМЕТО НА НАШАТА УЛИЦА, КАДЕ ШТО ТЕ БАКНАВ ЗА ПРВПАТ.

ТАМУ ОСТАНУВА МОЕТО СРЦЕ ЗАСЕКОГАШ…“, а ова се стиховите кои ги пее Жељко Самарџиќ. Песната инаку се вика „Знам“.