Naslovna Makedonija Најчевска: Сите бегаат од Македонија, а јас се враќам

Најчевска: Сите бегаат од Македонија, а јас се враќам

Професорката на правниот факултет, Мирјана Најчевска, изминатите години живее во Прага, Чешка. Нејзиниот сопруг е македонски амбасадор во оваа држава.

Најчевска е постојано активна на социјалните мрежѓи, коментирајќи ги дневните настани во нашата држава. Во последните статуси, професорката Најчевска напоменува дека на следните избори би гласала за партија која ќе вети дека ДУИ нема да биде во власта.

„Мора да падне секоја влада во која учествува ДУИ.
Не смее да има влада со ДУИ во неа. Ќе гласам за секоја партија која ќе гарантира дека ќе формира влада без ДУИ.

Дајте луѓе да се ослободиме од мафијата. Срамота е на меѓународно ниво да не претставуваат воините на мафијата“, пишува професорката на фејсбук.

Денес, Најчевска објави дека се враќа во Македонија, во ситуација кога многумина ја напуштаат државата:

„Сите бегаат од Македонија а јас се враќам. Мора да не сум арна. А ги испив апчињата од сабајле. Благодарам на прашањето.“