Naslovna Zivot Дами и господа, ви ја претставувам Изабела Џамбазов- Игор Џамбазов се огласи...

Дами и господа, ви ја претставувам Изабела Џамбазов- Игор Џамбазов се огласи со интересни новости

Игор Џамбазов е заштитен знак не само на македонското глумиште, туку и човек кој со својот шарм и отвореност успева да го допре срцето и на обичниот човек – од најзафрленото село па се` до поширокиот балкански регион“; објави Фактор во една прилика.

– Жените и театарот се слични. Те вовлекуваат во нивните игри, во нивните сплетки, те уништуваат во секоја смисла, а ти и покрај сe` – не можеш без нив.

Театарот, па и уметноста воопшто не трпат три работи: антиталенти, партија и администрација. И има ли потажно од тоа кога ќе сфатиш дека ти, како уметник си, всушност, само една бројка, еден небитен штраф од машината што те меле? Нема.

Еден бивш премиер, во една прилика, мртов сериозен ми кажа: А бе, што ќе ви се на вас глумците пари? Па, не ни требаат. Ни тогаш, ни сега. Ни треба само малку повеќе почит. И после сето ова очекувате да зборувам за театарската продукција? Се снаоѓаат луѓето.

Менаџерите, директорите, трчаат, молат, кукаат…прават се`, само за да може да го работат она за кое сонувале. Да создаваат уметност“, изајви за Фактор Џамбазов па додаде:

– Имам повеќе „најдобри пријатели“. Мислиш дека тоа не е можно? Можно е. И јас си ги имам. А и тие мене, знам. И не се повеќе од прстите на двете раце.

Но, ако веќе морам некого да издвојам, тоа секако ќе биде мојата мачка Емилија Џамбазова – Бавчанска. Еве и сега, додека разговараме, јас мислам на неа.

Дали е океј, дали јадела, дали спие? Има еден стих во мојата нова песна „Мадам Диазепам“ која ќе излезе после Нова година кој гласи: „На неа мислам и тогаш кога мислам дека ништо не мислам“.

Исто така, кажа каде тој вистински живее: – Зависи каде сум. Ако сум во моето „административно“ дома, во Скопје, тогаш сите денови се исти.

Седиш дома, оти надвор не е баш за излегување, излегуваш само ако имаш важна работа, не одиш апсолутно никаде. Оние што сакаат да те видат, ти доаѓаат дома, на гости. Но, ако сум во моето „вистинско“ дома, во Дојран, тогаш е сосема друго сценарио.

Станување рано, шетање покрај езеро, возење велосипед, при што дишам висококвалитетен воздух, дружба со мештаните, терање гости по цели денови, активност, свежина, среќа, исполнетост. Доволно е?“

– Јас можеби сум мудар толку колку што е мудар мојот народ, затоа што јас црпам од него. Се дружам многу со обичните луѓе, а духот на еден народ се наоѓа во обичните луѓе. Духот на народот не сме ние што се појавуваме по телевизии, дебатни емисии, или новинарите што пишуваат…

Духот на народот е далеку од нас, нешто што ние не го ни есапиме за Македонија. Некаде каде што мислиме дека нема ни луѓе што знаат да размислуваат. Ете од таму доаѓа духот и мудроста на народот.

Ако сум успеал да ја соберам нивната мудрост, а тоа го правам во последните 20 години, тогаш би можело да се каже дека се сметам за мудар човек“, рекол Џамбазов за Фешнел, а потоа зборувал за своето семејство.

– Ние бевме и сè уште сме едно специфично семејство, семејство на вистински уметници. Иако сестра ми не стана уметник, од самиот почеток се фати за архитектурата, сепак таа е најголемиот уметник од сите нас, бидејќи баш така боемски си го живее животот шетајќи низ светот. Најсветлиот момент е успехот, условно кажано, на моето семејство, почнувајќи од дедо ми Петре, па сè до сестра ми Тања…

Се трудиме да позлатиме сè она што ќе допреме. Не секогаш ни успева и не е секогаш тоа така едноставно. Да речеме дека тоа е нешто по што ќе го паметам животот.

Инаку, ако зборуваме за светлите моменти лично за мене, од мојата кариера, тоа би бил концеротот во „Борис Трајковски“, тоа беше врв на сè што сум правел, иако многумина не веруваа дека ќе се случи.

Ниту пријателите ниту душманите. Јас им велев дека сум сигурен оти тоа ќе се случи, но изгледа не им беше доволно некое мое искуство.

Тие се водеа по некои обични параметри, кои за нивна несреќа не важеа и за мене. Иако јас немам свој постојан бенд, немам спотови, ме нема на ниту една топ-листа, сепак народот дојде да ги слушне моите песни и не само тоа, да ги пее од почеток до крај.“ Игор на својот Инста профил објави пост кој вели:

Лани останав сирак, оваа година останав ерген, наредната би можел да останам нормален“, и доби доста коментари со поддршка од пријателите и оние кои го следат.

На социјалните мрежи, тој објави дека има нов член во неговото семејство Џамбазови: Дами и господа, ви ја претставувам ИЗАБЕЛА ЏАМБАЗОВА, новата членка на семејството…наскоро и ќе ја чуеме“, и стави слика од неговата нова гитара.