Naslovna Zivot Погледнете каква добра кола вози Јордан Митев, и што романтично стори за...

Погледнете каква добра кола вози Јордан Митев, и што романтично стори за својата Славица

Нашиот познат и признат фолк пејач Јордан Митев минатото лето го наполни Ракометното игралиште во Битола, каде одржа голем концерт во организација на Модното студио Шанел.

На Митев тогаш му гостуваа колегите Марјан Коцев, Демир Кантуровски и оркестарот Уска Кан, а по завршувањето на настанот, пејачот доби голем број на пофалби од многубројните гости.

Да се прави солистички фолк концерт во време кога во земјава секојдневно гостуваат голем број на музички ѕвезди од регионот, кои настапуваат по плоштади, клубови и кафулиња, за многумина од нашата фолк естрада е предизвик за кој тешко би се решиле да го прифатат.

Во публиката имало околу 1.500 луѓе кои во еден глас пееле заедно со Митев.

Била потребна добра организација околу целиот настан, кој поминал беспрекорно, со професионално озвучување, осветлување, со добра координација на сите вклучени во проектот“, објави лани Фокус.

-Во првите години од мојата кариера бев возбуден на секој нов настап во дијаспората, бидејќи секое ново патување за мене значеше отварање на нов пат.

Но со текот на годините, еве ова веќе е 13-та година од мојата активна кариера , тие настапи станаа за мене нешто најнормално“, изјави во едно интервју за Радар.мк, Јордан Митев, ене од нашите најпознати и најпочитувани пејачи.

-На некој начин станаа секојдневие, а разликите помеѓу дома и надвор прилично се избалансираа и изедначија.По многу патувања, за мене сега веќе не е важно каде ќе пеам туку ми е најважно како е организирано.

Потоа, во каква сала,со колку гости и сите професионални нишани за еден музички професионалец“, додаде Јордан во истото интервју.

Инаку, во истото интервју, тој прозборе и за својата сооруга, Славица Митревска, Македонка од Австралија.

-Во 2017-та правев свадба во Македонија, со сите адети. Мојата избраничка е Македонка, родена во Австралија.

Промените во животот се нормални и добро е да се случуваат,тоа значи дека човек живее и дека оди напред во животот.Секако дека наоѓам време за се .

Сега за сега, фала му на Бога , добро течат работите, а се надевам дека така и ќе остане. Кога објавив дека мојата избраничка е од Австралија,често ми го поставуваа прашањето дали сега ќе заминам таму.

Тоа е разбирливо, бидејќи знаеме каков е животот во Австралија, земја која спаѓа меѓу оние со највисок стандард во светот. Но,знаете како, не е се само во стандардот. Животот не е само во тоа колкава плата земаш, каква кола возиш…

Животот и среќата се многу многу повеќе од материјалното! И јас, како и повеќето во Македонија, сум бил често пати разочаран од многу работи овде. Но,на крајот од краишатата, ова е моја земја, овде е се што имам .

Јас ја сакам мојата татковина со сите недостатоци бидејќи овде е мојот корен,стебло и гранки.Можеби така размислувам бидејќи не сум научен на некојси раскош и луксуз.

Пораснав во многу многу скромни услови,знам што значи да си некаде на дното и затоа сега со се што имам сум среќен и задоволен“, рече Митев.

-Кога в очи ќе те погледнам, душа ми се растреперува. Нема такви бистри води, нема такви ѕвезди сјајни, искрени како тука ти.

В гради срце што ми бие, само за тебе ќе каже, покрај тебе да се живее. Среќо моја, среќа си ми ти, љубов моја вечна биди ми, и во добро и во зло, двајца да сме заедно“.

Ова се стиховите на новата песна на Јордан Митев, „Среќо моја, среќа си ми ти“, која излезе пред неколку дена, и според стиховите, Јордан си пее за својката сопруга Славица и за неа ја има напишано оваа љубовна песна.

А во спотот, тој е сниман до еден замок, и вози многу каја кола, а ептен весел и супер дотеран, а видеото можете да го видите ТУКА.