Naslovna Zivot Ни дадоа помош само 1.000 евра, им ги вративме парите со Зуица-...

Ни дадоа помош само 1.000 евра, им ги вративме парите со Зуица- Наум ептен се налути!

Кога ќе се спомене името на фолк пејачот Наум Петрески, веднаш буди спомени и емоции кај многумина, особено кај неговите обожаватели и фанови.

Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други.

Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб.

Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

На прашањето дали се доживува како ѕвезда – во едно неодамнешно интервју одмавна со рака и рече дека во Македонија не може да се биде ѕвезда, особено не сега кога фолкот е на маргините.

Над 300 песни има на својот репертоар и снима активно. Сепак, фестивалите како рече, веќе ги остава за помладите.

-Ги зедов сите награди по фестивалите што требаше да се земат, време да им отстапиме простор на помладите, јас на фестивал би можел да сум во жири или пак да имам мини концерт додека се чекаат наградите, вели Наум.

Наум за време на пандемијата беше навреден од одлуката на Владата на пејачите кои изминативе месеци имаа минимален број на настапи да им се исплати парична помош, две минимални плати од 21.776 денари. За Фокус, тој даде изјава дека не ја прифаќа оваа помош:

„По 35 години на естрадата, по повеќе од три децении пеење, што треба да направам, дали треба да менувам професија?

Да бев на почеток на кариера, никогаш не ќе вложев толку пари во музиката, за да можат сите да уживаат, туку ќе отворев фабрика. Тоа многумина го направија, па дури и по 1.000 луѓе им работат за минималец.

Мислам дека тогаш дури и ќе бев многу повеќе ценет, отколку сега, по сите овие хуманитарни дејствија кои ги имав 34 години наназад, можеби и над 5.000 настапи за некого или за нешто.

Ние ќе преживееме, и ќе живееме уште многу подолго од политичарите, од нивните внуци и правнуци преку тоа што сме го создале сами, без помош од државата, а истата јас сум ја претставувал низ стотици земји и отворања на македонски културни центри.

Но, парите се за туѓи, странски пејачи, а ние сме за хуманитарни настапи.

Сето тоа многу бргу го заборави овој народ за кого сме правеле песни и вложувале многу, многу пари, за да не направат невредни!

Од кога прочитав што мисли дел од народот за нас, пејачите и музичарите, повеќе нема никој да поздравам, па уште не дај Боже некој од нив да ме фати за рака!

Нас не оставија без работа, иако ние немаме врска со негово ширење. Ако се прашувам јас, треба за финансискиот дел во земјава да се преземат законите од Норвешка или Шведска, каде пратениците ќе земаат иста плата како наставниците.

Да одат од Владата на работа со велосипед, а не со стотици возила и со обезбедување, да се лекуваат комплекси и да се покажува уште и сила врз нас, слободоумните луѓе!“, објасни Петрески.

Наум Петрески слави 35 години кариера, и тој во емсијата Еден на еден нрекол дека не добил поддршка од Министерство за култура и кажа дека не добил ништо.

– Се чувствува револтот, нормално, дур им требав, сум отварал заедно со „Танец“, преку 10-15 македонски културни вентри низ светов. Значи сум ја претставувам државава.

Сега веројатно не осетиле дека им требаме, тие гледаат нормално се низ политичка призма, ние гледаме уметност. Не добовме никаква поддршка.

Сакавме со Зуица да направиме уште еден дуетски албум со македонски песни, преку Аворд продукција, и одобрија некои 1.000 евра од Министерство за култура што им ги вративем нормално, нема потреба толку да се трошат.

И нема да го направиме тој проект, ќе остане Македонија секако посиромашна за еден проект, значи сакавме да вратиме некои дуетски песни кои се заборавени, меѓутоа здравје, во некое подобро време“, рече Наум.