Naslovna Zivot Не ги бројам парите од бакшишот, ги давам на други, не ми...

Не ги бројам парите од бакшишот, ги давам на други, не ми се толку важни- Благица Павловска ептен изненади со оваа приказна

Пејачката Благица на 4ти декември минатата година наполни 64 години, но по нејзиниот став и изгледот, дефитивно личи како да е повеќе од 15 години помлада.

Иако, повеќето славни личности одлучуваат да ги прославуваат само јубилејните родендени, за Благица ова правило не важи, бидејќи таа си го празнува своето постоење во секоја можна прилика, па макар и на обичен ден.

Благица за својот роденден направила голема забава, а била поканета и Лила која ја имаше покажано целата атмосфера од роденденот.

Благица викнала свирачи и сама си пеела на својот роденден, а имала и дури пет торти од кои четири биле помали, а едната била најголема, главна, на која имало слика од пејачката.

Пејачката била облечена во свечен, светкав фустан кој добро ѝ стои, а на видеата кај Лила, се гледа дека Благица била многу среќна и весела.

За Благица знаеме дека освен што целиот живот е посветена на музиката и пеењето, таа најави дека е во обид да го раскаже својот живот на хартија, а тоа да биде достапно и за пошироката јавност.

-Многу работи поминав во животот. Сакам да ги споделам со публиката. Поради тоа ќе напишам автобиографија во која ќе има делови и за кариерата, но и за приватноста, и мажите во мојот живот, изјави Благица.

За жал, оваа книга сѐ уште не ѝ е достапна на јавноста а поминаа повеќе години откако е најавена.

Според животната филозофија на Благица, многу е важно за секој човек како созреал и каков пристап има кон нештата. Има луѓе, вели фолк-ѕвездата, што се пл ашат од мравка и од сето она што не е човек.

Благица себеси се смета за цврста личност и за неа, оние луѓе кои имаат плашлив дух, секогаш ќе имаат проблеми.

Благица на својот Фејсбук профил во една прилика објави едно старо интервју со Ирена Спировска во Македонската радио телевизија кое е насловено:

Интервју и пат до Стамболград. Благица и Ирена се во ептен елегантно издание на снимката од 1995 година, и муабетот им тече вака:

-Со тебе не сме виделе долго време, подготвуваше нова касета, и голем дел од песните на таа касета, станаа хит“, ја прашува Ирена, Благица Павловска, на што познатата пејачка на фолк музика одговара:

-Една знам дека е поголем хит, другите се помалку слушани верувам, меѓутоа кока има една добра песна, другите се губат.

Но, следнава година верувам, јас малку повеќе ќе ги исфорсирам за да се слушаат“. Потоа, Ирена ја прашува што очекува Благица од 1996 година и кои се нејзините скриени, тајни желби за таа година?

– Па, како и минатата сакав добар албум, добра песна што ќе се памети. Секоја година по една добра песна барем“, изјави Благица и потоа ја испеа песната „Пат до Стамболград“ за која рече дека ѝ многу драга песна.

Благица Павловска гостуваше во емисијата „Г карпет“ со Мирослав Кацаров, а со оглед на тоа дека водителките во оваа емисија се менуваат овој пат на водителското столче беше седната Милена Антовска- Станковска од Канал 5.

Благица беше облечена во убав црвен фустан и запеа за гледачите, но водителот беше доста љубопитен и цело време ја прашуваше кој и бил најголем бакшиш.

-Тоа не е важно, кој колку пари земал. Важно е да не се краде, да не крадете од музичарите и тие од вас. Јас на пример, многу пати не сум ги ни броела парите што сум ги земала како бакшиш.

Сум ги давала на музичарите да ги пребројат. Парите никогаш не ми биле најважно. Важно е да си чесен во оваа професија и важно е да знаеш да поделиш“, рекла Благица.