Naslovna Zivot Кате „Нели ти реков“ ја откри љубовната приказна со сопругот, а кажа...

Кате „Нели ти реков“ ја откри љубовната приказна со сопругот, а кажа и дали нејзините деца имале привилегии поради нејзината слава

Една од најдобрите и најпочитувани наши пејачи во фолк музиката е Катерина Танева, или “Нели ти реков”, која е присутна на нашата музичка сцена повеќе од дваесет и пет години.

Испеа многу хитови, меѓу кои најпознат е “Запри дожду”, а има учества и на најпознатите фестивали во Македонија, од кои највпечатливи се настапите на Валандово.

Денес Кате е сопруга и мајка. Таа со семејството живее во Скопската населба Припор, а во една прилика, беше посетена од екипата на Канал 5, за чија утринска емисија готвеше прекрасен специјалитет. Кате, освен пејачките способности, покажа дека одлично се снаоѓа и во кујната.

Во разговорот, Кате беше запрашана за дилемите и шпекулациите околу тоа дека нејзиниот сопруг е нејзин колега музичар. Еве го одговорот на Кате:

-Не, мојот сопруг не е музичар. Таквите шпекулации изминатите години се развија поради фактот што тој секогаш беше со мене на моите настапи.

Сепак, мојот сопруг има друга професија, а и последниве години, бидејќи настапите ни се претежно на свадбени веселби, тој и не е така често присутен на моите настапи“, објави Поглед.мк

Заедно со кавадаречко-неготинската група ,,Нели ти реков” оставија голем број на хитови во изминатите години, а минатата година дошло време секој да си продолжи по својот пат.

За ,,Фокус”, минатата година Танева открива која е причината поради која по повеќе од триесет години не настапува со членовите на ,,Нели ти реков” со кои биле како семејство, во добро и во лошо.

,,Нели ти реков,, е нераскинлив дел од мојот живот и мојата музичка кариера, па токму поради бендот и јас станав препознатлива како Кате од ,,Нели ти реков”.

Кога една група на луѓе заедно работи повеќе од три децении, ги дели успесите и падовите, секојдневните настани, заедно се радувала на достигнувањата, сосема природно е да ти биде како дел од семејството.

Со членовите имаме цела ризница од спомени, оставивме белег на македонската фолк сцена – вели Кате.

Кате е секако една од најубавите фолк пејачки на македонската народна сцена, која е скромна, ненаметлива, и може да се пофали со она што е најважно- квалитетни вокални спозобности и убави песни.

Музиката остана нејзината примарна професија, а и покрај многуте испеани песни, публиката најмногу ја памети по легендарната „Запри дожду“, како што напишавме погоре.

Освен по песната и гласот како слаевј, кавадарчанката Танева беше препознатлива и по својата природна убавина, а споредено со денес, за Кате како времето да застанало.

Катерина Танева дала интервју за Женски магазин, и таму зборувала за многу теми од нејзиниот живот, семејството, празниците, музиката…

Кате „Нели ти реков“

– Не само за Велигден, туку и за останатите празници многу често сме отсутни од дома, бидејќи нашата професија е да го забавуваме народот, а посебно на празниците.

И покрај огромната љубов кон професијата, најтешко ми беше кога за празникот не бев со децата и сопругот“, изјавила Катерина а а потоа кажала детаљ за сопругот.

– Со сопругот Блаже сме од 1992 година. Седум години во врска, 24 години во брак, вкупно 31 година. И за сите овие години, тој е мојата најголема поддршка што се однесува на мојата професија.

Кате „Нели ти реков“

Во исто време е мој најголем обожавател и критичар“, рекла Кате за сопругот, а инаку таа е мајка на две деца и за децата изјавила:

-Мојата ќерка и мојот син од мали се навикнати на тоа дека нивната мајка е јавна личност, и за нив тоа не е ништо чудно, туку секојдневие. Но, од друга страна тие се многу совесни и не бараат да го искористат моето име за нивни привилегии на училиште или било каде“, рекла Кате.