Naslovna Zivot Тоше не дочекал да му ја исполни големата желба на Џокси, овој...

Тоше не дочекал да му ја исполни големата желба на Џокси, овој детаљ за нивните животи е помалку познат

Еден од најпознатите наши пејачи, Ѓорѓе Васиќ, алијас Џина Папас Џокси, е особено актуелен околу Велигденските празници, бидејќи, како што сите знаат, тој ја исполни безвременската ,,На Велигден сум се заљубил”.

Генерациите кои во деведесеттите години од минатиот век беа во своите дваесетти години, многу добро се сеќаваат на атмосферата пред скопскиот соборен храм, пред таа величенствена атмосфера, кога илјадници луѓе од поранешна Ванила, па се до Симпо, по Партизанска, стоеја со свеќи во рацете и го очекуваа Христовото Воскресение.

Речиси постојано, од звучниците на Соборниот храм, пред да започне Божествената Литургија, се слушаше композицијата на Џокси, а сите во еден глас ја пееја.

По полноќ, кога ќе завршеше литургијата, младите се упатуваа во градскиот парк, или околните кафеани и сендвичари, да се ,,омрсат” по Великиот пост. „Најубавите години од животот ги поминуваш со својата баба.

Таа што ќе ти зготви го јадеш со невидена сласт, па макар било и лепче со шеќер и вода, најомиленото јадење за игра со другарите на улица.

Секогаш е ведра, насмеана, со широка прегратка, со румени обравчиња само за галење, со ни грам лутина во себе, а со неа најлесно заспиваш, и како да не ја сакаш. И на крај, баба што приказни ќе ти раскаже нема никој друг на светот. Така и мојата Уранија, на мајка ми мајка.

Секогаш ја задевав за тоа каков љубовник бил дедо и зошто баш него одбрала, нели имало и други момци во селото (с. Ранци, Егејска Македонија).

Продолжува на следната страна