Даниел Кајмакоски е познат по победата на првата сезона од светското шоу X Factor Adria.
Тој беше претставник на Македонија во Виена, Австрија за европскиот натпревар на песни Евровизија во 2015 година со песната Лисја Есенски по победата на Скопскиот Фестивал 2014.
-Доаѓам од скромно семејство, моите родители цел живот работат за да ни обезбедат пристоен живот, па ако можеле они зошто да не можам и јас?
Сум поминал секакви професии и работни места; бев продавач, агент во центар за повици, дури во сервисниот центар на Ерсте Банката во Австрија работев како оператор, но сè тоа беа убави искуства.
Пред да се појавам на Икс Фактор работев како инсталатер на градилиште што за мене беше преубаво искуство. Почнав од нула, бев самоук, Научив многу за таа професија, но и за себеси.
Почнав како помошник, но при крајот на моето работно искуство веќе бев десна рака на сопственикот на фирмата и имав преку 150 луѓе за кои бев лично одговорен. Активно присуствував во планирање на проекти и нивната изградба, што разбуди еден инстинкт во мене, а тоа беше снаодливоста и желбата за секојдневно учење.
Сфатив дека сум способен за многу повеќе од што мислев! На крај, сепак ѝ се вратив на музиката, но тоа што го научив на градилиштата ми ги зацврсти карактерот, дисциплината и посветеноста, и понатаму ми помогна да се снаоѓам многу полесно и во светот на музиката.
Продолжува на следната страна