Биба Додева ја знаеме како одлична пејачка која има победено на доста фестивали, како мајка на Емануела и баба на Александар, но малку се знае за нејзиниот приватен љубовен живот.
Во една прилика, таа искоментира на оваа тема: -Свесна сум дека мојата професија е јавна, но мојот приватен живот е само мој. Ама еве, колку за да ја задоволиме желбата за информации.
Јас сум пејач што преферира да пее со музичка група, така што оваа промена многу ми се допадна. А, што се однесува до наградите, само ќе кажам дека, секако, се дополнителна мотивација за што повеќе композитори да се вклучат во фестивалот, иако ми е мило што имаше и такви со кои сме учествувале на македонските фестивали и кога наградата била само направена од дрво. Фестивалите се за публиката.
Ние им нудиме песни ним, а тие си го кажуваат своето мислење и го прават изборот. Сѐ си има свои добри и лоши страни“, изјавила Биба во една прилика за Република кога победила на фестивалот Макфест.
Биба Додева е една од пејачките со најдобар глас на нашата музичка сцена, и претседател на здружението „Борка“. За својата работа на двете полиња, Додева вели дека многу ја исполнува.
Таа во септември во 2020 година го промовираше својот нов албум „Незаборавни“. На албумот, Биба заедно со својот долгогодишен пријател Владимир Дојчиновски- Дојчин, преработија 11 македонски евергрини кои Биба одлично ги интерпретира.
„Мојот внук е мојата најголема поддршка. Долго време ме немаше со албум, и среќна сум што ова е првиот поп албум во оваа 2020 година“, рече Биба чии песни се веќе евергрини, особено „Јас и мојот бенд“.
Продолжува на следната страна