Пејачката Искра Трпева денес е среќно мажена и остварена како мајка, а годините не се гледаат на нејзиното лице“, објави Република во една прилика за нашата позната пејачка која сега е професор по музика.
Таа откако остана бремена и се породи со ќерката Ангела, целосно се повлече од јавноста и се посвети на мајчинството.
Денес работи како професор во музичко училиште. Неодамна таа сподели семејна фотографија на Фејсбук, каде што напиша дека ќеркичката Ангела е сè во нејзиниот живот.
Ангела во јуни ќе наполни 12 години, а Искра повеќе од десет години е во брак со поранешниот фудбалер, а сега професор по физичко воспитување, Благоја Арсовски. Трпева е родена на 1 јануари 1973 година во Скопје.
Таа е професор по соло пеење, професија што ја работи и денес. Учествувала на повеќе македонски фестивали, а највеќе на МакФест. Таа е сопственик на познатото скопско кафуле „By The Way“.
Трпева својата естрадна кариера ја започнала со познатиот македонски композитор Кристијан Габровски во 1998 година, а песните од тој период се Допри ме, Штом падне мрак и Заврши се.
Трпева соработувала со Дарко Димитров и со Александар Митевски, од чија соработка произлегле сингловите Љубов (Срце),Странец, Зима.
Продолжува на следната страна