Денес, на Велики Четврток, традицијата вели дека се бојадисуваат Велигденските јајца. Оние, кои се ревносни во верата и постат седум недели, утрово беа на литурфија и причест.
Познатиот ТВ водител Јанко Илковски, на својот профил на социјалните мрежи, го објави својот рецепт, како успева да вапса јајца и притоа да нема пукнати и скршени:
„Обично јајцата ги варевме во вода сосе боја. Море сите салтанати деценииве искомбиниравме, на тивко на пола, со сол со оцет, со танадара банадара, со баење, со онаа или оваа ПРОВЕРЕНА МЕТОДА, абе секогаш пола напукнати или испукани.
Конечно ми текна, ги ставивме во готвач на пареа оти 90% храна така се спрема дома, и прв пат , одеднаш цела гајба, НИЕДНО НИ НАПУКНАТО НИ ПРСНАТО НИ СКРШЕНО-
СОВРШЕНО ДО ПОСЛЕДНОТО! Цела гајба одеднаш – раат! На тајмер и толку.
Потоа само во боја и тадааааааа, совршенство!“