Големиот Ју музичар Горан Бреговиќ во една прилика, ја сподели својата визија за војната во Југославија, и откри како се чувствувал тогаш и колку тоа влијаело на него.
“Немав непријатели во таа вој-на. Не ја сфатив како моја. Јас сум роден во земја која негуваше заеднички јазик, а со исчезнувањето на таа земја, јазикот на кој пишував исчезна, а денес не пишувам на наш јазик, кога пишувам, пишувам на ромски јазик. Моите хорски дела се на измислен јазик “, рече Бреговиќ.
Во еден момент, зборувајќи за родителите, стаса до приказните за алкохолот. “Моите родители многу се сакаа. Татко ми беше воено лице човек и пиеше многу. Двајцата се разведоа поради тоа.
И тоа беше голема љубов. Кога мајка ми се разболе, таа беше во болница во Сплит, во градот во кој татко ми живееше со друга жена.
Таа негова втора сопруга ми рече дека татко ми исчезнал од куќата ноќе. Таа еднаш го следеше и го виде како се прикрадува и оди во болница да ја види, кога беше на крајот на животот.
Таму тој седел надвор цела ноќ под прозорецот од собата каде што мајка ми ги броеше последните часови и пушеше цела ноќ.
Во тоа време тој веќе беше излечен од алкохолизам, но кога мајка ми си замина од овој свет, се врати во селото и засади лозје.
Потоа повторно почна да пие. Пиеше илјада литри вино годишно, толку му роди лозје. И главно го пиеше тоа вино сам.