Туна Сејди во Македонија стана позната откако учествуваше на натпреварот за млади таленти „Плеј потрага по ѕвезда“ и остана запаметена како еден од најдобрите пејачки.
Таа секако е една е една од најуникатните пејачки, и според начинот на музичката изведба и според екстравагантниот имиџ. Туна во последно време кариерата ја гради на албанската и на косовската естрада.
„Имаше моменти на дилема дали тоа што го направив е вистинскиот чекор и дали беше преголем луксуз за мене. Публиката не ја интересира дали имаш биолошки план. Едноставно сака да те гледа во тој континуитет на настапи, со нови проекти.
Се трудев да го избалансирам сето тоа и си ветив себеси дека кога ќе се вратам сакам да се почуствувам потполно обновена, за да можам да направам едно силно ребрендирање“, рекла Туна пред да стане мајка за првпат.
Минатата година, „Убавина и здравје“ објави дека Туна Сејдиу се развела од сопругот Патрис Бериша.
Како што се зборува, бракот помеѓу пејачката и музичарот од Косово подолго време не функционирал, па Туна била таа која се решила да стават крај на нивната љубовна романса.
Од бракот, тие ги имаат двајцата синови Тиан и малиот Зен. Инаку ова на Туна и беше втор брак. Таа пред неколку години првпат се омажи за бизнисменот Рилинд Река, но бракот помеѓу нив траеше кратко.
Туна по разводот едно време се повлече од јавноста, но сега изгледа појако од било кога што може да се види на нејзиниот Инста профил, а издаде и нова песна која е веќе хит во Косово и во Албанија.