На 3 јуни во 2021 година, на 20-годишна возраст почина левото крило на РК Бутел, Марко Божиновски. Медиумите тогаш објавија дека причината за смртта на ракометарот било срцето кое откажало во сон. Смртта настапила само неколку часа по дуелот против Еурофарм Пелистер 2 на кој настапи Божиновски и постигна два гола.
Пред да биде член на РК Бутел, ги бранеше боите на вториот тим на Металург. Воедно беше дел од кадетската ракометна репрезентација на Македонија.
Неговата мајка, Александра Божиновска и неговото семејство, откако го загубија синот основаа фондација која им помага на младите спортисти, но и на децата со аутизам.
Како се живее најдобро знаат родителите на Марко Божиновски, ракометар, кој пред речиси две години почина во сон. Дете, кое штотуку зачекори низ животот со неговата препознатлива насмевка, дете кое му се препушти на спортот и здравиот живот, дете кое како што велат сите што го познаваа, мајка да посака да го има“, објави ММС.
За ММС.мк неговата мајка ја раскажа целата приказна, и раскажа што прави сега, по загубата на синот.
Фондацијата ја формиравме 2022 година, да го промовираме спортот, да им дадеме шанса на младите да го сакаат, да им помогнеме. Прво почнавме со преуредување на спортскиот центар во населбата Лисиче, кој го носи неговото име.
-Марко почина на трети јуни, но јас тој ден не го бележам, затоа на 15 јуни почнува турнирот. Работиме на изградба на сензорна соба во една градинка, бидејќи во групата имаат аутистични деца.
Тоа е на иницијатива на учителката на Марко, поради која ја засака градинката. За роденденот на Марко повторно ќе правиме концерт, бидејќи јас го славам неговиот роденден како да е тука со нас“, раскажала Александра Божиновска за ММС.