Naslovna Zivot Еве што работи сега Нора Шаќири и зошто толку добро изгледа- поранешната...

Еве што работи сега Нора Шаќири и зошто толку добро изгледа- поранешната водителка процвета (ФОТО)

Нора Шаќири е наша позната новинарка, водиетлка и акттивист. Мајка е на тригодишен син а нејзин сопруг е музичарот Марко Марковиќ. Таа претходно беше директорка на театар Комедија.

-Како директор поведов дисциплинска постапка за вработен кој без никакво образложение, без слободни денови, по завршувањето на колективниот одмор замина на патување и истото го поткрепи со фотографии и за истото се изјасни пред комисијата која го донесе решението за дисциплинска казна дека е виновен и казната ја прифати“, кажа Нора откако беше разрешена од оваа функција.

Нора, откако веќе не е директорка на Театар комедија, најде нова професионална окупаицја. Таа е дел од нов тим- Академија која е всушност нов центар за еукација и ги учи своите соработници како да заработуваат од дома со започнување на свој, онлајн бизнис.

Таа одржала предавање и на Фејсбук објавила мала приказна, задоволна од резултатите: „Првпат во своите 40 години излегов од својата рамка и УСПЕАВ..Првпат сум на една поинаква сцена, пред друг профил на луѓе и бескрајно сум благодарна за тоа..

Конечно научив што значи да можам да работам и надвор од она што ми е веќе познато. Само ЕДУКАЦИЈАТА има почеток, а нема крај.

Секој изговор може да упропасти 100 прилики, секој човек може да успее единствено ако сака #MrNewLife ЕДУЦИРАЈ СЕ!!!“, објавила Нора.

Нора Шаќири навостина во последно време како да процвета, откако има нова работа во областа на маркетингот, што покажува со новата слика која ја објавила на Фејс, тоест новата профилна слика. Со појака шминка и со интересна фризура, Нора изгледа како профи модел.