Naslovna Makedonija Данела Арсовска повторно разрешува и поставува директори

Данела Арсовска повторно разрешува и поставува директори

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по неколкумесечна пауза, повторно менува директор на јавно претпријате, пишува Слободен Печат.

Така, првиот човек на ЈП „Градски паркинг“, Крсте Петревски, кадар од редовите на ГРОМ, кој на оваа должност беше шест-седум месеци, градоначалничката сега ќе го „испроба“ како директор на ЈСП „Скопје.

Од ЈСП заминува досегашниот в.д. директор Александар Стојковски, кој ќе остане запаметен како директор во чиј мандат се случи протест кога автобусите на ЈСП не превезуваа патници, предизвикувајќи дводневен колапс на целиот градски превоз.

Што значи сегашната промена и дали Петревски ќе се покаже подобар од неговиот претходник, времето ќе покаже, иако Арсовска до пред неколку месеци имаше „полна уста“ пофалби и за Стојковски.

Петревски ќе биде трет директор на јавното сообраќајно претпријатие во мандатот на градоначалничката. Во бранот оставки на директорите од ВМРО-ДПМНЕ, поставени од Арсовска, од ЈСП „Скопје“ си замина в.д. директорот Иван Илиевски, а на негово место беше назначен Александар Стојковски, кој во ЈСП бил дојден пред неколку години како кадар на СДСМ.

Извор: Слободен Печат