Naslovna Zivot Ако за бенд плаќате 1500 евра да ви свири на свадба, не...

Ако за бенд плаќате 1500 евра да ви свири на свадба, не очекувајте кичма да дрвам 5 саата на истата за помалку пари- се налути нашиот познат диџеј

Зоран Ристевски, попознат како Зоки Бејбе е наш познат диџеј а тој има работено и како новинар и водител. Зоки Бејбе е вистински пионер на македонската клупска сцена, култен диџеј, музички новинар, но и прекрасен соработник, вљубеник во добра храна, позитивни луѓе со отворен ум и креативна мисла.

Повеќе од 25 години е дел од македонскиот ноќен живот и секогаш дава несебична поддршка на сите нови луѓе кои сакаат да работат и да творат“, објави Портрет во една прилика.

-Во моето детство неколку работи имаа клучна улога во мојата љубов кон музиката. Радиото е првата, кое постојано емитуваше добра музика. Слушав сѐ, од поп до сите други музички форми што се емитуваа на трите канали на македонското радио.

Бев вљубен во музичките програми на телевизија и сеопфатно бев страстен околу сѐ што подразбира музичко шоу.

Истовремено, моите родители имаа навика да слушаме плочи и купуваме редовно во тогашните плочари кои ги сакав повеќе од кој било јавен простор“, изјавил тој за Портрет.

Зоки Бејбе сега раскажа за негоавата заработувачка во Фејсбук статус и рече: „Да се разбереме ако за бенд плаќате 1500 евра да ви свири на свадба, не очекувајте кичма да дрвам 5 саата на истата за помалку пари.

Пошто бендот не свирел на ништо друго освен на свадби а јас како диџеј за вас сум Карл Кокс бидејки од диџеи само тој го знаете.

А 1000 може важи важи гледам се разбирате од техно култура, како не ве памтам од журки главен бевте секако секако и man with a red face ќе ја пуштам. Се гледаме во Јуни чаоооо. 3 сек јас на тел“, стои во статусот на Зоран.