Нема кој не ја памети Марија Петровска, една од водителките и новинарки на „Бекстејџ“, Марија беше една од најзгодните (и уште е), и најспособни наши водителки.
Немаше настан да не помине без Марија, шарматната тетовчанка.
Таа беше дел од сите промоции, концерти а одеше и на спортски натпревари и на светски познати настани, а еден од нив е и филмскиот фестивал во Кан.
Марија беше водителка и на радискиот фестивал во Скопје, каде што се избираа на најпопуларнитре радио хитови.
Во изминативе осум години, Марија Петровска живе во Цеље, поради љубовната врска со нејзиното момче Михаел Сказа. Михаел е од Марибор, но живее во Цеље и работи во фирма за протетика и за стоматолошки материјали.
-По неколкугодишна врска на далечина, дојдовме до точка, кога моравме да се одлучиме што понатаму.
Затоа што и јас со естрадниот магазин Бекстејџ, од кој бев дел со години, и тој со Интердент постојано бевме на пат и со тек на време стана многу тешко да се одржува тоа темпо“, изјавила Марија.
Веќе цела живееме во Марибор. За преселбата во „престолнината на Штајерска” се одлучивме затоа што е поголем град и има повеќе луѓе и случувањ.
– Но првенствено затоа што Михаел е од Марибор и повеќето пријатели и негови роднини ни се тука.Сепак повеќето денови сè уште ги поминуваме во Цеље, затоа што и двајцата таму работиме.
Михаел веќе 16 години е раководител на едукативниот центар во „Интердент“. Jас од август од 2021 година работам во „Кинезика“ – фирма која се занимава со развој, производство и продажба на козметика и додатоци во исхраната.
Поточно сум раководител на одделението за маркетинг и односи со јавност на нивниот бренд „Butters“.
Релативно рано дознавме дека чекаме син, уште во 12-тата недела одлучи сам да ни открие на прегледот на нухална транслуценца.
И морам да признаам дека оттогаш секој ден потајно размислувам како ќе изгледа, на кого ќе личи, дали ќе доминираат словенечките или македонските гени, ама на крајот секогаш завршувам со истата мисла – само нека е жив и здрав, ништо друго не е важно.
Што се однесува до името, с уште не сме избрале. Имаме неколку фаворити, ама сè уште ништо конкретно“, кажала Марија за Женски магазин додека була бремена со синот.
Потоа раскажала дека не планира венчавка со сопругот: „Искрено во моментов не планираме венчавка.
Знаеме дека и двајцата евентуално сакаме да се венчаме и да го направиме и тој чекор, ама не сметам дека заради тоа нашата врска би била посериозна или поцврста.
За жал живееме во време кога многу млади стапуваат во брак пребрзо или поради погрешни причини и тоа често резултира со разделба.
Ние сме заедно веќе 13 години, од кои 6 години одржувавме врска на далечина, а 7 години живееме задно и сметам дека нашата врска преживеала многу и многупати досега во пракса ја докажала својата цврстина.
Ако не постои љубов, компромис и меѓусебно разбирање, ниту еден потпис не е доволен за да се одржи една врска, изјавила нашата водителка.
Животот на Марија Петровска, некогашната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, речиси две недели има сосема нов ритам.
Таа и нејзиниот партнер Михаел Сказа станаа родители на Домен, во Словенија, каде што Марија живее изминативе осум години“, објави Слободен печат.
-Бебето се вика Домен Сказа. Се роди по природен пат на Универзитетскиот клинички центар во Марибор на 31 март во 6:22 наутро.
Михаел беше цело време покрај мене, тој ја имаше и честа да ја пресече папочната врвца – вели Марија.
– Веќе две недели сме тричлено семејство и можам да кажам дека засега супер функционираме. Брзо се навикнавме на новата рутина и рамноправно ги делиме речиси сите обврски“, изјавила Марија Петровска.