Тамара Тодевска е една од најактивните пејачки на социјалните мрежи, па често знае во кратките приказни на „Инстаграм“ да сподели некоја секојдневна активност.
Тодевска своето слободно време сака да го поминува во кругот на своето семејство, па така секогаш има прилика „бега“ од обврските и активностите и се препушта на семејната идила.
Освен музиката, нејзините деца Хана и Дарен, и ги полнат батериите, а таа често истакнува колку и се важни во нејзиниот живот, па нивните заеднички дружења им донесуваат спомени кои ќе ги паметат.
Тамара, меѓу другите се прости од Аце Макџинс, познат скопски бизнисмен , кој имаше свој бренд за џинс и ги облекуваше македонските познати личнисти, а меѓу нив беше и Тамара.
Тамара на нејзиниот Инста профил се збогуваше со Аце, и напиша: Тата Аце летај високо и фала ти за се.
– Последен поздрав до скопската легенда, власник на еден од најдобрите бутици во Скопје “Мак Џинс”, творецот на Македонскиот бренд на фармерки Мак Џинс.
Човек кој во секое време знаеше да се постави како помагател, пријател, другар и родител. Почивај во мир Аце Мак Џинс скопска легендо и еден творците на Македонската Модна Сцена“, напишал на Фејсбук менаџерот Милорад Цаиќ- Цајо.