Naslovna Zivot По долго време, Благица Павловска се огласи во јавноста, ептен ослабена, стопена...

По долго време, Благица Павловска се огласи во јавноста, ептен ослабена, стопена (ФОТО)

Благица Павловска е легенда на музичката народна сцена која ги одбележа своите почетоци со извонредни и уникатни песни и настапи.

Нејзиниот личен печат е токму гласот за кој многумина велат дека извира од длабочината на нејзината душа.

– Со оваа професија се занимавам минативе 40 години, а не од 1992 како што знаат повеќе во јавноста.

Прв пат официјално се појавив на фестивалот Цветници, кој официјално се организираше од МРТВ, но пеев и пред тоа, со тоа што додека беше Екс Југославија, пеев на повеќе простори од нашата држава, пеев на запад, во Германија, Европа и т.н.

Сакав да успеам во тоа време на Југословенско ниво, но тоа не ми успеа. Зошто не ми успеа? Најверојатно не ми беше времето тогаш“, кажа Благоца а сето останато е историја.

На патот до нејзината кариера, ја следеа безбројни пишувања по медиумите особено околу нејзиниот претходен брак. Секогаш насмеана, секогаш пријателски настроена кон секого.

Водителот на емисијата „Мерак меана“, Трајче Толевски објави нови слики од Благица Павловска, на кои се гледа колку е всушност ослабена и стопена нашата пејачка.

Трајче објавил слики од велигденската емисија „Мерак меана“ и напишал: Дробилицата си мели, Скопски боеми- Мерак меана, Велигденска“.

На сликата, Благица изгледа топ, навистина како да е млада девојка, и со облеката, и со шминката, и со фризурата.