Многу приказни се раскажуваат за тоа какво било Скопје некогаш, а какво е сега, особено на социјалните мрежи.
Оние малку повозрасните со носталгија се сеќаваат на старо Скопје, а таков е и статусoт на Влатко Огњановски кој се споделува на Фејсбук.
Скопје некад беше Град! На времето у Скопје се искачаше по кафиќи, а кафани се броеја на прсти.
Ноќниот живот се дешаваше у кафичи и дискотеки. Ретките кафани што постоеја беа или без музика, или ако имаше жива музика тоа беше претежно по летните тераси на хотели или у парк кај шо свиреа поп-групи (што нормално свиреа т.н. „забавна“ музика.
У кафана се идеше да се јаде, не да се искача. У 90ти години почнаа и „живи“ свирки по кафиќи, ама тоа исклучиво беа поп/рок бендови.
Народњак не можеше да припари у потесно градско подрачје. Народњаци се свиреа само по селски кафани што претежно се наоѓаа по приградските населби.
Ние што искачавме низ град само имавме чуено дека постојат такви, а ретко кој имаше икад стапнато у таква.
Првиот контант со народњаци го имавме тек ко ќе отидевме у војска, и таму доживуевме културен шок и бевме згрозени…. али тоа завршуеше и се враќавме у нормален Скопски живот со кафиќи и дискотеки. Значи народњаци јок!
Денес искачаш у Дебар Маало, срцето на Скопје – кафиќи можеш да изброиш на прсти на една рака, а кафани има на секој чекор.
Од секоја кафана, пуна као око, фрштат народњаци. И тоа претежно „жежат“ истите народњаците кои на времето ги сметавме за сељачки.
Дојде време цела кафана да се одушевљава и у еден глас да пее „Чуда да се десе“, од Халид Бешлиќ, шо на времето беше сметан за врв на „сељачизмот“.
Време кога се снимаат филмови за Тома Здравковиќ и се прераскажуваат како ремек дела.
Тоа и некако можам да го разберам за Србија, кај што одувек имало плодна почва за народњаци, али никако не ми влага у глава како тоа можеше да се деси кај нас!
…и што е жално, некои од тие кафани денес ги држат луѓе што на времето го градеа ноќниот живот на Скопје (да не ги именувам, ќе се препознаат).
Да, Скопје НЕКАД беше Град! Веќе не е!“, стои во статусот на Влатко Огњановски.