Вчера градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, најави голема инвестиција во неговата општина:
„Мала Америка во Кавадарци! Во Општина Кавадарци започнува инвестицијата од 30.000.000 евра на наш сограѓанин кој живее во САД.
Како што можете да видете и на официјалната страна на самиот проект, ќе се изгради модерен повеќенаменски комплекс, по највисоките светски стандарди, кој ќе биде единствен во регионот, мол и три станбени згради во новиот центар на Кавадарци, на површина од 65.000 м2.
Во целиот комплекс ќе биде вграден најсoфистициран систем за греење и ладење, кој ќе придонесе за заштеда на електрична енергија до 70%.
Изградбата со целокупната документација од Општина Кавадарци е веќе започната. Како што беше најавено и ветено во предизборната програма на градоначалникот Митко Јанчев, целокупниот проект/комплекс се гради во прва фаза како приоритет и ќе биде завршен и пуштен во употреба до август 2025 година. Кавадарци е европски град! Кавадарци за сите!“
Денес, во изјава за порталот Фактор, Јанчев го откри името на големиот инвеститор:
„Зошто да не го откријам. Тоа е Трајче Ристевски, тој е мој другар одамна. Тој живее и работи во САД повеќе од 20 години и има многу успешен бизнис таму.
Работи во областа на транспортот и неговата компанија поседува повеќе од 400 камиони…“
Целата изјава на Митко Јанчев, прочитајте ја ТУКА