Naslovna Zivot Ленче Кукиќ открила зошто во овој период од животот мораат да бидат...

Ленче Кукиќ открила зошто во овој период од животот мораат да бидат разделени со Горан

Ленче Кукиќ е долги години на нашата фолк естрада, позната по своите песни и начинот на изведба. Таа е сопруга на музичарот Горан Кукиќ.

Таа неодамна изјави дека ѝ е многу мило што во Белград на улица ја препознаваат од шоуто „Никад није касно“, каде што учествуваше со својот сопруг, Горан Кукиќ, кој е и победник на ова музичко натпреварување.

Секогаш си велев: Дали е тоа вистинскиот момент? Но, навистина бил вистинскиот момент. Сепак, јас налетав на коментари дека не сум требала да одам, но тоа во мојата глава е промоција за било каде. За мене тоа беше како лото.

Потоа, Ленче и за нејзината победа во шоуто, во 2019 година, и за тоа кога со нејзините изведби го расплакувала жирито.

– Јас таа 2019 година доживеав голема радост и голема тага. Тоа гледачите преку екраните не можеа да го дознаат, бидејќи јас таа 2019 година ја изгбив мајка ми.

И некако, не бев свесна дали тоа на мене ми се случува, и некако го издржав тој период на радост и на тага.

Зборуваше и за бакшишот и за тоа дека заработката на секој човек е релативна работа, во зависност од тоа кој колку троши и кој колкави трошоци има.

– Јас секаде каде што настапувам, јас никаде и никогаш не сум отишла да им кажам на луѓето да ми дадат бакшиш. Тоа е невозможно.

Ние ги благословуваме луѓето кога ќе ни дадат бакшиш, им велиме: да ви даде Господ уште повеќе, дека ни тие ни дале нам“, рече Ленче.

Но, таа минатата година прозборе за тепката борба со вирусот и во Фокус раскажа дека таа ис опругот едвај се спасиле.

Страшно искуство… Преживеавме моменти опишани во песните, ни на јаве, ни на сон… Буквално, како да бевме во два света.

Во тие моменти, всушност немавме време да размислуваме дали ова е крајот, едноставно се препуштивме на Господ“, рекла Ленче за Фокус.

-Цели петнаесет дена бевме на кислород со Горан. До толку ни беше лоша ситуацијата, што еве и по неколку месеци, ние се уште закрепнуваме.

Сега се трудиме со здрав начин на живот да си ја вратиме силата, полека се движиме напред, во добар правец.

Овој вирус е навистина непредвидлив, народот мора да биде внимателен, да се заштити – рече минатата година популарната пејачка.

Ленче и нејзиниот сопруг Горан, открија како ги делат професионалните и домашните обврски, кога се разделуваат, кој има поголем авторитет кај нивниот син.

На прашањето како наоѓаат заеднички јазик кога се заедно, пејачката вели: „Јас можам да кажам од женска страна, го решаваш истиот проблем, jа работиш истата работа, се надополнуваш, сфаќаш дека не можете еден без друг“ вели Ленче.

Ленче вели дека не само работните обврски, ги делат и домашните обврски, па кога нешто не може Ленче да заврши тогаш е тука Горан да и помогне. Ленче и Горан открија како го поминуваат своето време кога не се заедно. Се случува и тоа.

На пример, јас ги завршувам моите обврски во студио, Ленче е дома и завршува домашните обврски“ вели Кукиќ, а Ленче додава дека таа го користи и слободното време за да оди и на кафе со пријателки.

Наследникот на Ленче и на Горан , Иван Кукиќ е исто така познат и успешен музичар, тој свири бас и е дел од триото на Влатко Стефановски. Ленче откри кој има поголем авторитет кај синот.

„И двајцата имаме авторитет кај Иван. Имаме разбирање, Иван е добро момче, послушно. Ние сме задоволни“ вели Горан.

Иван студираше на Музичка продукција и дизајн на звук на Белградската Академија за уметностите. „Белград како град ме поврзува бидејќи мојот дедо потекнува од Белград и уште како мал одев таму и го засакав градот.

Ленче и Горан на своите профили на Фејсбук споделија интересни видеа. Имено, тие гостувале во емисијата „Нешто конкретно“ кај Снеже Велков и таму зборувале како е кај нив дома, и кој е таму шеф.

– Сабајле се станува, се става првото утринско кафе, и кога ќе почне да везе… Така, така, така, така… Е, тогаш е таа ситуација, на едно уво влегува на друго излегува, рекол Горан за својата сопруга Ленче низ смеа.

А Ленче за сопругот рекла: Горан беше струмичкиот Елвис Присли, сите му беа љубовници, и млади и стари. Сите му беа љубовници“, рече Ленче.

Секогаш отворена и искрена за разговор, Ленче за Женски магазин открила како изгледа еден ден кога се дома со сопругот. Горан.

– Утринското кафе кај нас е непредвидливо. Само што ќе се разбудам веднаш почнувам да зборувам и да го планирам денот. На Горан му се потребни два часа да се рассони.

Затоа, утринското кафе си го пиеме во различни просториии. Си го решивме проблемот – вели Ленче која за својот сопруг има само пофалби.