Naslovna Magazin Бившиот на Цеца, Богдан ужива во љубовта со учесничката од „Задруга,“ еве...

Бившиот на Цеца, Богдан ужива во љубовта со учесничката од „Задруга,“ еве која е неговата нова љубов (ФОТО)

Бизнисменот Богдан, кој на јавноста ѝ стана познат по врската со Цеца Ражнатовиќ, после пејачката имаше уште неколку љубовни врски кои не му успеаја. Цеца Ражнатовиќ и угостителот Богдан Срејовиќ раскинаа по една година.

Кон средината на јануари минатата година во јавноста протече веста дека балканската музичка ѕвезда, Светлана Цеца Ражнатовиќ и познатиот белградски угостител Богдан Срејовиќ се во љубовна врска.

Оваа врска започнала непосредно порано, но поради честите заеднички настапи со пријателите низ градот стана забележлива. Во тој период, Светлана и Богдан поминуваа многу време заедно, а одредени моменти од љубовната приказна покажаа на социјалните мрежи.

Се стекна впечаток на севкупна хармонија, како и семејни блиски односи на двете страни. Тоа беше причината да не изненади информацијата дека е ставен крај на оваа точка, што српски Телеграф ја дозна од извор близок на оваа двојка, а подоцна и од самите тие кои не сакаа да даваат изјави и да кажат ништо поконкретно за оваа тема.

Кога во јануари минатата година се дозна за љубовта на Цеца и Богдан, таткото на Богдан, Милош Срејовиќ тогаш откри дека неговиот син не му кажал ништо за новата љубов со пејачката, но истакна и дека го поддржува секој негов избор.

Да потсетиме, Милош Срејовиќ за љубовта на Цеца и Богдан дозна од медиумите и дека дотогаш не го видел својот син толку среќен и задоволен.

– Неблагодарно е тоа да се коментира. Тие се возрасни, зрели луѓе, кои знаат да се грижат за себе. Колку што можев да забележам, тие се среќни и задоволни. Тоа е заедничка приказна и не би се мешал понатаму.

Продолжува на следната страна