Маестро на хармоника кој се упокои на 6 февруари оваа година, Милан Завков остаи неизбришива трага во нашата музика и култира.
Завков, кој е роден на 1 јули во 1962 бил вљубен во музиката од најраното детство. Свири на хармоника од осумгодишна возраст, а веќе на 14 години станува член на оркестарот на тогашниот “Млад Танец”.
Младинските денови ги поминува свирејќи во КУД „Мирче Ацев“, а својата музичка наобразба ја добива на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде успешно дипломира на инструментот контрабас, заради немањето студии по хармоника.
Тоа сепак не го колеба својата професионална кариера да продолжи да ја гради на својот прв и единствен избор – хармониката и со неа ќе оствари неверојатно богата изведувачка и творечка кариера.
Со голема популарност се здобива уште после издавањето на првито албум со “Октет Македонија“, а потоа таа само расте низ делувањето со групата “Македонски мерак”.
Така Завков во својот богат творечки пат, како композитор, аранжер и изведувач ќе ни остави над 150 авторски творби, многу трајни снимки и десетици дискографски изданија, со цела низа на безвременски народни хит-мелодии.
Секако, низ годините се истакнuva и како солист-инструменталист на многу ора и чочеци и заслужено се здобиva со статусот на еден од најдобрите хармоникаши во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија.
-Сепак, неотуѓив и многу важен дел од неговиот музички корпус е делувањето во Националниот ансамбл за народни игри и песни “Танец”.
Таму уште како младинец, потоа и како надворешен соработник, а од 2000-та година и како редовно вработен музичар-инструметалист првенец и долгогодишен раководител на оркестарот, остварува бројни концерти и турнеи во земјата и светот.
Завков создава вредни музички партитури и каде со својата неприкосновеност, трајно се втиснува во аналите на музичко-сценскиот фолклор, но и во целокупната македонска музичка историја.
На тој 6 февруари дојдовме сите на работа, за првпат по паузата. Не можев ни да замислам дека кога ќе си заминеме од работа, ќе го нема нашиот Милан со големо срце, со преубава насмевка и со ведар дух.
Не можам да верувам дека клупата каде што секое утро на паузата заедно го пиевме првото кафе и голтка по голтка разговаравме за животот, ќе остане празна“, рекла Сузана Спасовска, нашата позната пејачка на народни песни, вокален солист во ансамблот „Танец“ на комеморацијата за Завков.
Тоа утро кога го видов, се израдував и му реков: ‘Мики, колку си одморен и свеж, ти блеска лицето. Ми рече: За ова, кафе морам да да честам’.
Си зборувавме дека имаме уште некоја година до пензија. Требаше мирно да ги поминуваме пензионерските денови. Се договоравме дека и тогаш ќе одиме едни кај други и ќе пиеме по некоја ракија и салата“, рекла низ солзи Сузана.
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ во Националната опера и балет, ја започна својата 74. сезона, традиционално, со голем Велигденски концерт.
Оваа година, како што наведуваат од ансамблот, концертоткој се одржа сношто беше со посебен предзнак – програмата беше посветена на музиката која првенецот Милан Завков ја твореше за својата матична институција, ансамблот „Танец“.
На репертоарот биле неговите познати кореографии „Беломорски бисер“, „На мегдан“ и „Охридски игри“, кои тој ги создаде заедно со својот долгогодишен колега, играорецот и кореограф Симеон Чулев, како и кореографијата „Копачија“, која е производ на соработката на Завков со кореографот Стојче Каранфилов.
На концертот биле застапени и повеќе вокално-инструментални точки и од неколку други кореографски постановки, на кои стои потписот на големиот музички автор, композитор и аранжер, инструменталист, првенец и долгогодишен раководител на оркестарот на Танец, Милан Завков.
Секоја чест за овој гест на Танец кој е многу емотивен и болен за оние кои го сакаа и почитуваа маестро Завков.