Naslovna Zivot Вака си ужива шеф Марк со неговата Василка- ова е нивната вистинска...

Вака си ужива шеф Марк со неговата Василка- ова е нивната вистинска љубовна приказна

Познатиот шеф Марк Де Јонг, готвачот од Брза кујна, брзо стана препознатливо лице од ТВ екраните, како еден од двајцата готвачи-виртуози во телевизиското шоу „Брза кујна“ кое оди на ТВ „Сител“, заедно со неговиот колега и другар Никола Мишковски, шеф во ресторанот „Камник“..

Марк Де Јонг пред неколку години дојде во Македонија за да го исполни аманетот од баба му која пред да почине го замолила барем еднаш да дојде и да ја види земјата од која потекнува неговата мајка.

Дојде и остана решен тука да изгради нов живот, од почеток.

Набрзо стана препознатливо лице од ТВ екраните, како еден од двајцата готвачи-виртуози во телевизиското шоу „Брза кујна“ кое оди на ТВ „Сител“, заедно со неговиот колега и другар Никола Мишковски, шеф во ресторанот „Камник“..

Член е и еден од основачите (заедно со Адријана Алачки, во функција на претседател и Љупчо Гиевски, потпретседател на Асоцијацијата и шеф на кујна во „Александар Палас“) на Националната асоцијација на готвачи на Македонија, која е примена во Светската асоцијација.

Марк де Јонг има македонско потекло, но со години живеел во Брисел каде по големиот земјотрес во Скопје се преселило и неговото семејство.

По 50 години, Марк се вратил во Македонија и одлучил тука да изгради потполно нов живот.

Марк е одиличен готвач и знае да прави вистински македонски специјалитети. Што се однесува до неговиот приватен живот, Марк е во брак со Василка со која има две деца, ќерка и син.

Марк пред некое време објави дека за жал веќе нема да биде дел од „Брза кујна“.

-Мора да ви кажам на сите што ме следите … нема да бидам дел од наредната сезона на Брза кујна…

се надевам оти ви е јасно за што не… се гледаме во нови предизвици и им пожелувам само многу успеси во новата сезона на Брза кујна !!!“, напиша Марк.

Марк Де Јонг и неговата сопруга Василка гостуваа во емисијата Магазин на Сител и таму раскажаа како им поминува нивното секојдневие.

„Пиеме кафе со една лажичка шеќер, и се трудиме да го редуцираме, и да стасаме до кафе без шеќер“, рече сопругата на познатиот кувар од „Брза кујна“.

-Потоа појадуваме, интегрално лепче, кашкавал, путер“, додаде Марк и рече дека каде што живеат, во Сопиште, тој го нашол својот мир.

„Јас доаѓам од Белгија, од центарот, од Брисел, и во Македонија го најдов својот мир, го најдов она што ми фалеше во Белгија“, рече Марк.

-Имаме нова слика, чист воздух, имаме убавина, не можам да ви ја опишам убавината“, изјави Марк, а потоа неговата сопруга потоа раскажа со што тој ја освои неа:

-Мислам дека, од првиот ден, ние настапивме со искрен разговор, и мислам дека, таа негова харизма, но и искрениот пристап е нешто што ми влезе во срцето. Но, исто морам да кажам дека Марк е многу позитивен човек.

Човек којшто има несекојдневна позитивна енергија, и тоа е тоа што навистина се случува. Јас сакам позитивни луѓе, сакам да ја споделувам енергијата со луѓето, затоа велам, секој што е среќен човек околу мене, ме прави среќна.

Се надевам дека нашата среќа, нашата позитивна енергија, споделена со нашите блиски, го прави животот малце поубав. Не само нашиот, и на нашите блиски“, рече Василка за својот сакан Марк.

– Навистина, уживаме во тој момент, и сакаме да го споделиме и другите да уживаат во тоа што ние го имаме. Ете, тоа е, позитивноста, љубовта, среќата е дел од животот.

Без тоа не се живее. За жал секаде лоши вести. Сакаме да бидеме среќни, да уживаме и да го споделиме тоа “, рече Марк Де Јонг.

Потоа, сопругата рече дека сега се многу помудри, и затоа што животот нема реприза решиле да уживаат во него.

„Со Марк си ветивме дека по 50-тата година, значи по нашите 50 родендени, си ветивме дека ќе уживаме во екој ден, во ситните мали работи, затоа што нели, деталите ја прават убавината на животот.

Доколку можеме да си овозможиме нешто поубаво, ќе го искористиме и ќе го направиме тоа“, рече Марк.