Тони Михајловски важи за еден од најдобрите и најистакнати македонски театарски, филмски и телевизиски актери, водител на радио и телевизија и стендап комичар, а во последно време и мошне активен во политиката.
Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.
Во 2010 тој станал добитник на наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија.
Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Ба рут, Панкот не е мр тов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.
Тони Михајловски во една прилика даде интервју за Бекстејџ и зборуваше за својата кариера, но и приватен живот.
Во фокусот на вниманието во разговорот за „Бекстејџ’ беше сето она што досега ја одбележало неговата актерска, но и водителска кариера.
„Откако влегов во политика, луѓето ги сменија симпатиите кон мене. Навистина ми е жал поради тоа, јас ги имам истите човечки квалитети кои ги имав и пред десетина години“ , рече Михајловски.
Тони Шанац Михајловски сподели фотографија на социјалните мрежи, поточно на својот профил на фејсбук која датира од 2013 и се наврати на работата што ја работел, обезбедување и притоа напиша:
-Многу работи се работеле за преживување. И многу од нив, за само моја жал, немале никаква допирна точка со театарот, кој во овие времиња се покажа како не(толку)потребен, а уште помалку корисен.
Па сепак пријателствата, доживувањата, новите искуства кои се случиле за време на тоа преживување се бесценети“, напиша Тони.
Тони Михајловски беше гостин во „Бомбакис поткаст“ на Кристијан Станковски, што е воедно негово прво гостување во поткаст, во кој открива ексклузивни детали за создавањето на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“.
Тони раскажа како ја напишав педната „Труба“ на Игор Џамбазов додека некое дете од соседството вежбал дувачки инстрименти.
-Џамбазв е добар писател. За мене Џамбаз е најблизок до Ѓорѓе Балашевиќ, стиховите кои ги пишува“, рекол Тони.
Михајловски тврди дека оваа манифестацијата „Златна Бубамара“ е негова идеја, а Ранко Петровиќ го нарекол „лопов“.
-Јас ја смислив Златна Бубамара на популарноста. Мене ми се роди идеја, каде што ќе се сублимираат сите наградни манифестации на едно место, сето ова да биде од забавен карактер, а водителот да биде „стенд ап“ мајстор.
Седевме дома кај Игор Џамбазов, бевме јас, тој, Искра и Ранко, за кој што имам снимено преку 400-500 реклами во тоа време и му ја раскажав идејата. И му се допадна.
Одлична е идејата, рече Ранко, ќе ја крстиме Златна бубамара на популарноста. Ранко е лопов, 30 години се кити со туѓи перја.
Ако сака нека ме тужи, а јас можам да го опонирам“, изјави Михајловски во гостувањето во „Бомбакис поткаст“. Целото готување на Тони во овој подкаст можете да го гледате ТУКА.