Naslovna Zivot Соња Тарчуловска по долги години запеа во ресторан, а го спомна и...

Соња Тарчуловска по долги години запеа во ресторан, а го спомна и градоначалникот на Пробиштип

Соња Тарчуловска познатата пејачка на фолк музика, во една прилика, во интервју за Точка откри кој ѝ бил најголема поддршка во тешките мигови, кога нејзиниот сопруг Јохан бил отсутен од дома.

-Изминатите години и години, најголемата поддршка ја добивав од моите родители, мојата ѕвезда водилка беше мојата мајка, во сите тешки и претешки моменти кои ги доживував“, изјави Тарчуловска, а потоа ги прокоментита написите на медиумите:

-Медиумите и новинарите си ја вршат својата работа. Јас до сега се уште не сум имала непријатна ситуација со нив.

А дали ми пречеше, можам да кажам и да и не, имаше моменти кога посакував никој да не ме познава затоа што јас порано бев поинаку застапувана пред медиумите со песна и музика“, рече таа.

Таа во моментов не е музички активна и е повеќе посветена на семејството, а наа тема, Соња рече: Кога станува збор за мојата кариера, таа одамна не е на тоа ниво, какво што треба да биде. На моменти ме има, па на моменти ќе исчезнам.

Но затоа пак композициите си оставаaт свој белег и обележје. Сакам да бидам активна но под поинакви услови и поинакви договори.Јас никогаш нема трајно да се откажам од музиката, таа ми ја исполнува душата“, изјави пејачката.

Таа и Јохан се родители на три деца; Мелани, Младен и Јоана.

Најстарата ќерка Мелани тргна по стапките на својата мајка, или како што велат- крушата под круша паѓа, Мелани е пејачка и има настаапувано на домашни фестивали, а сето тоа со голема поддршка од мајка си, која оди со неа на настап и ја бодри од публиката.

-Кога би можела да избирам за децата? Јас сум човек и мајка која сака своите деца сами да си го изберат патот и професијата што сакаат да бидат, а јас само би им дала максимална поддршка“, рече Соња.

Мелани со своите 16 години беше најмладиот учесник на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“ во 2021 година, со песната „А ти“.

Мелани на сцената на „Долни Сарај“ одлично се претстави на Интернационалната вечер, а на прв поглед таа навистина изгледа како да е Соња, во помладите години. Фолк-пејачката е горда на тоа што нејзината ќерка толку личи на неа.

-Често ме споредуваат со мајка ми врз основа на личниот опис и се согласувам дека е тоа така“, изјавила Мелани по настапот во Женски магазин.

– Последниот настап ми беше со песната „Моја библија“ на фестивалот во Валандово. Музиката секогаш е присутна во нашиот дом. Тоа што јас не сум со ангажирана во моментов, не значи дека така ќе остане и понатаму.

Сега засега приоритет е Мелани. Целата моја професионалност ја насочив кон семејството. Тие се мојот мир и мојата најголема љубов“, изјавила Соња во истиот медиум.

– Кога влегов во студио за да ја снимам песната се почувствував како Соња, Соња која што знае што сака и што бара. Се почувствував дека ја пеам пред цела Македонија.

Песната е наменета за македонскиот пазар, бидејќи долги години наназад добивам безброј реакции и прашања кога ќе запеам повторно.

И ете јас со оваа песна сакам да ја испочитувам мојата публика, а воедно и да се оддолжам со овој нов Хит“, рекла Соња минатата година кога снимила нова песна.

Соња дого време нема настапувано во ресторан, а тоа го сторила изминатиов викенд, и тоа во градот од кој потекнива Пробиштип.

Таа ја пеела својата песна која се вика „Црвено“, и рекла дека ова и е нова песна и до сега ја нема никаде пеено, и според снимката која ја објави на Инста, таа направила топ атмосфера.

И пред да запее, таа го спомнала и градоначалникот на Пробиштип. “Браво Амалија- Пробиштип. Бидете горди што имате ваква група и ценете го тоа.

И тој градоначалникот нека им даде една диплома за најдобра група“, рекла Соња, а потоа ја испеала својата песна со оваа група.